• Latest

Неделна анализа: Постизборна Македонија, политичката криза се продлабочува!

December 19, 2016
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Неделна анализа: Постизборна Македонија, политичката криза се продлабочува!

December 19, 2016 19:30
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Предвремените, историски, парламентарни избори во Македонија, не ја решија долгогодишната политичка криза во државата, туку ја продлабочија. Недела по изборите, Maкедонија е на крстопат. Граѓаните треба да одлучат, ќе се определат за евроатланските интеграции или обратно, ќе дадат придонес Македонија да тргне кон самоизолација. Ситуацијата стана посложена, откако СДСМ и коалицијата „За живот во Македонија“, како и партијата на етничките Албанци, Беса, одлучија да поднесат по осум приговори за изборни нерегуларности до Државната изборна комисија (ДИК), која прифати само еден приговор! На потег е Управниот суд…

protst-dik-nak

Седниците на ДИК, пропратени со протести на ВМРО-ДПМНЕ

Членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, организирано, во пресрет на одлуките на ДИК по поднесените преговори, се собраа пред седиштетето на комисијата во Скопје. Со зурли и тапани, со ора и распламтени огнови, со говор на омраза и повици за јавен линч, упатени од високи партиски функционери, ВМРО-ДПМНЕ вршеше на овој начин притисок врз работата на ДИК. Бројни медиуми организираа и директен пренос од седниците. ДИК одлучи да прифати само еден приговор од Беса, а сите други, и оние од СДСМ, беа одбиени.

upraven-sud-tabla

БЕСА нема да ги обжали одлуките на ДИК, но и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со тужби

Беса нема да ги обжали одлуките на ДИК, зашто, откако се одбиени 7 од доставените 8 приговори, партијата се сомнева во независноста на Управниот суд. Но, од СДСМ најавија дека ќе поднесат четири тужби до Управен суд, кои се однесуваат на гласањето на повеќе избирачки места во Шестата изборна единица. Во секој случај, конечниот збор ќе го има Управен суд, којшто во рок од 48 часа по прием на тужбите, треба да одлучи ќе ги потврди или ќе ги одбие одлуките на ДИК.

ВМРО-ДПМНЕ поднесе тужба до Управен суд, против решението на ДИК со кое се уважи приговор на Беса.  Всушност, ВМРО-ДПМНЕ е против поништувањето на резултатите од гласањето на едно избирачко место – 0396/1, во Општина Гостивар, во Шестата изборна единица. Прегласувањето на ова избирачко место, го носи ризикот ВМРО-ДПМНЕ да изгуби еден пратеник, со што практично ќе се смени целата политичка констелација во однос на пратеничките места во идниот парламент.

Груевски и ВМРО-ДПМНЕ објавија Проглас

Никола Груевски пред седиштето на ДИК, објави Проглас, изгласан од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, којшто содржи 5 точки. Со Прогласот, партијата и Груевски ја обвинуваат ДИК за постизборен инженеринг и за фалсификување на изборната волја на граѓаните. Според Прогласот, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи лидерот на СДСМ, Зоран Заев да формира влада, ниту понатомошно мешање на амбасадорите во внатрешно-политички прашања на земјата, зашто треба да останат во рамки на своите мандати и овластувања. Партијата, обзнани Груевски, го напушта форматот на состаноци во кои учествуваат амбасадори, странски посредници, а на кои се преговара или се носат одлуки за кои во секоја држава одлучуваат претставниците избрани од народот. Во иднина, исто така, нема да се прифаќаат нестандардни или хибридни решенија во било кој сектор, доколку ги нема во другите земји-членки на ЕУ.  ВМРО-ДПМНЕ нема да се дозволи кантонизација и редефирање на земјата под било какви услови и околности. Според Прогласот, ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори за десоросоизација на РМ и јакнење на независен граѓански сектор.

_dsc0771

Кривичниот суд ги одби доказите на СЈО за случајот „ТНТ“

Судијката Татјана Михајлова, вршител на должноста претседател на Кривичен суд, не ги прифати доказите што произлегуваат од „бомбите“, со образложение дека тие докази не се законски обезбедени, зашто произлегуваат од незаконско прислушуваните комуникации.

Главната расправа за случајот е закажана за 20-ти февруари, кога искази треба да дадат обвинетите.

Во случајот што СЈО го отвори на 15-ти септември, за насилството во Општина Центар, обвинети се Никола Груевски и Миле Јанакиевски. Според СЈО, првообвинетиот Груевски побарал, а Јанакиески прифатил, партиски членови на ВМРО-ДПМНЕ, да извршат грубо насилство врз градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски и врз членови на Советот на Општината.

Ад хок телото, нема да не покрене ниту една постапка

Ад хок телото ги разгледа извештаите за начинот на којшто медиумите ја покриваа изборната кампања во последните десет дена. Два предлога за поведување постапки беа одбиени, а во најголем број случаи, комисијата едногласно гласала против поведување постапка. Со ова, практично заврши работата на ова регулаторно тело формирано согласно Договорот од Пржино, за да се обезбеди што поголема балансираност во медиумската сфера.

Изборниот процес во Македонија сé уште трае. Македонија ја чека долг пат до остварување на точките од Договорот во Пржино и од Извештајот на Прибе.

Tags: ад хок телоБесаДИКЗоран ЗаевИзвештај на ПрибеНикола ГруевскиприговориПроглас на ВМРОСДСМСлучај „ТНТ“тужбиУправен суд
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ