• Latest

Нè чека напорна работа

July 13, 2018
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025

САД ги укинаа санкциите против Милорад Додик и уште 48 физички и правни лица

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Нè чека напорна работа

July 13, 2018 14:34
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев најави дебата до крајот на месецот во врска со референдумот и сите прашања поврзани со него, меѓу кои и формирањето на ДИК. 

Според Заев, формирањето на ДИК нема, ниту, па, треба да биде поврзано со референдумот за името и дека конечниот состав ќе се знае многу бргу.

За потсетување, од декември 2017 ДИК функционира само преку стручната и правна служба, по оставките на членовите од ДИК. Но, успешноста на референдумот во голема мера ќе зависи од кога ќе се формира ДИК и колку време ќе имаат новите членови да се подгвотват за негово спроведување.

И додека едно битно прашање виси во воздух, друго веќе има своја разрешница, која ќе се прослави низ цела Македонија. Како што изјави Заев, за него утрешното славење на поканата Македонија да започне со преговори за членство во НАТО. Програма се организира по одлука на Владата, а трошоците се од буџетот и чинат колку две театарски престави што ги финансира државата.

И кога веќе НАТО полека го освојуваме, останува патот кон ЕУ, а со тоа и придонесот на младите кон евроинтеграциските процеси.

Фондацијата Фридрих Еберт – канцеларија Скопје и ЦИВИЛ – Центар за слобода организираат панел дискусија на тема „Младинските перспективи за интеграцијата на Македонија во ЕУ“ што ќе се одржи на 24.07.2018 година (вторник) во 11.45-13.00 часот на северната тераса на Музејот на Современа Уметност на град Скопје по повод официјалната посета на Државниот министер за Европа на Германија, Михаел Рот.

Со ова организаторите им оставаат простор на претставниците на младинските организации во Македонија, како и останатите учесници, да ги споделат своите идеи и ставови за евроинтеграциските процеси на земјата.

Во Кривичниот суд денеска се одржаа рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Насилство во општина Центар“ и „Тендери“. Со сослушување на сведоци, судењето по предметот „Насилство во општина Центар“ ќе продолжи на 30 август. 

Во центарот на вниманието повторно се враќа и прашањето за реформите на медиумите. Центарот за развој на медиуми денеска побара од сите политички партии да се заложат за итно започнување на реформите во медиумскиот сектор ветени со договорот од Пржино од 2016 година и поставени како барања од Европската комисија во документот Итни реформски приоритети. Според нив, реформмите се предуслов за ослободување на медиумите и јавноста во Македонија и за сигурно започнување бескомпромисни евроинтеграциски процеси.
Б. Јордановска
Print Friendly, PDF & Email
Tags: ДИКЗоран ЗаевНАТОпрославареферендум
Share52Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ