Премиерот Зоран Заев најави дебата до крајот на месецот во врска со референдумот и сите прашања поврзани со него, меѓу кои и формирањето на ДИК.
Според Заев, формирањето на ДИК нема, ниту, па, треба да биде поврзано со референдумот за името и дека конечниот состав ќе се знае многу бргу.
За потсетување, од декември 2017 ДИК функционира само преку стручната и правна служба, по оставките на членовите од ДИК. Но, успешноста на референдумот во голема мера ќе зависи од кога ќе се формира ДИК и колку време ќе имаат новите членови да се подгвотват за негово спроведување.
И додека едно битно прашање виси во воздух, друго веќе има своја разрешница, која ќе се прослави низ цела Македонија. Како што изјави Заев, за него утрешното славење на поканата Македонија да започне со преговори за членство во НАТО. Програма се организира по одлука на Владата, а трошоците се од буџетот и чинат колку две театарски престави што ги финансира државата.
И кога веќе НАТО полека го освојуваме, останува патот кон ЕУ, а со тоа и придонесот на младите кон евроинтеграциските процеси.
Фондацијата Фридрих Еберт – канцеларија Скопје и ЦИВИЛ – Центар за слобода организираат панел дискусија на тема „Младинските перспективи за интеграцијата на Македонија во ЕУ“ што ќе се одржи на 24.07.2018 година (вторник) во 11.45-13.00 часот на северната тераса на Музејот на Современа Уметност на град Скопје по повод официјалната посета на Државниот министер за Европа на Германија, Михаел Рот.
Со ова организаторите им оставаат простор на претставниците на младинските организации во Македонија, како и останатите учесници, да ги споделат своите идеи и ставови за евроинтеграциските процеси на земјата.
Во Кривичниот суд денеска се одржаа рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Насилство во општина Центар“ и „Тендери“. Со сослушување на сведоци, судењето по предметот „Насилство во општина Центар“ ќе продолжи на 30 август.