ЦИВИЛ организира 120-минутен јавен настан на кој, уште еднаш, во проширена и детализирана форма, ќе ги презентира препораките за реформи во изборниот систем на 5 јуни 2018, во хотел Континентал, со почеток во 13 часот.
ЦИВИЛ Медиа разговараше со професорката и експертка за човекови права Мирјана Најчевска за очекувањата од развојот на политичката состојба во земјата, нејзините очекувања и реалната слика од почетокот на годината до сега, каде бевме, каде сме сега и што можеме да очекуваме до крајот на 2018. „Она што го гледам во државата е неискорисутвање на потенцијалите… Реформи ќе направиме тогаш кога ќе ги искористиме институциите и сите луѓе што се наоѓаат во нив“, вели Најческа.
Активистот Денис Јанкуловски за ЦИВИЛ Медиа, зборувајќи за предвидувањата и очекувањата за политичките случувања во 2018 и што сè е остварено некаде на средина на годината, вели: „Можам да кажам дека сум донекаде благо разочаран за многу работи што очекував да се сменат. Сепак, далеку сме од оние промени што ги очекувавме“.
Премиерот Зоран Заев одговара на пратенички прашања. Тој на пратеничко прашање одговори дека повеќе не се разговара за предлогот „Илинденска Македонија“ и дека се блиску до изнаоѓање на решение за името со Грција.
Д.М.