• Latest
Антиевропски протести, Скопје, 15 јули 2022 година (фото: Г. Наумовски/ЦИВИЛ)

Не мора да се будите. Добра ноќ.

August 28, 2022

Папата Лав XIV: Технологијата мора да му служи на човекот, а не да го замени

May 25, 2026

Вашингтон и Техеран преговараат за прекин на огнот, Пакистан посредува: Деблокада на 20 милијарди долари за Иран во замена за 60-дневен прекин на огнот

May 25, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Украинската дипломатија повика на „решителен одговор“ од меѓународната заедница

May 25, 2026
Џелал Хоџиќ

Парадоксот на „Српскиот свет“: Северна Македонија го спасува режимот на Александар Вучиќ од српската демократска јавност во Србија

May 24, 2026
Кијив, 24 мај 2026 (ДСНС)

Цивилите во Кијив под масовен руски напад: Кремљ удри со ракети и дронови, Украина бара итна поддршка за противвоздушна одбрана

May 24, 2026

Порака до сите што беа на кумановскиот митинг за поддршка на Вучиќ

May 24, 2026
Кијив во утринските часови на 24 мај 2026 година (ДСНС)

РУСКИОТ ТЕРОР ПРОДОЛЖУВА: Масовен напад врз цивилни цели во Кијив, Украина возвраќа со удари длабоко во руска територија

May 24, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Ура за Македонија

May 24, 2026

Мајски извештај за продукцијата на ЦИВИЛ МЕДИА: Навигација низ информацискиот метеж

May 23, 2026

ШПИОНСКА АФЕРА: Додека се шпионира НАТО, власта на Мицкоски креира политики по терк на Москва

May 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Папата Лав XIV: Технологијата мора да му служи на човекот, а не да го замени

    Вашингтон и Техеран преговараат за прекин на огнот, Пакистан посредува: Деблокада на 20 милијарди долари за Иран во замена за 60-дневен прекин на огнот

    Продолжува рускиот терор врз цивилите: Украинската дипломатија повика на „решителен одговор“ од меѓународната заедница

    Кијив, 24 мај 2026 (ДСНС)

    Цивилите во Кијив под масовен руски напад: Кремљ удри со ракети и дронови, Украина бара итна поддршка за противвоздушна одбрана

    Кијив во утринските часови на 24 мај 2026 година (ДСНС)

    РУСКИОТ ТЕРОР ПРОДОЛЖУВА: Масовен напад врз цивилни цели во Кијив, Украина возвраќа со удари длабоко во руска територија

    ЕКСКЛУЗИВНО: Експресен одговор од Агенцијата за разузнавање на прашањата на ЦИВИЛ за шпионската афера

    Фотографија: Скриншот од видео на Google

    Google го забрзува развојот на ВИ: Џемини Омни и новата генерација на интелигентни агенти

    Фото: Министерство за правда

    Правосудниот испит на албански јазик отвори нов политички судир меѓу Министерството за правда, ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН

    ШПИОНСКА АФЕРА: Додека се води истрага за шпионски операции, Мицкоски тврди дека се работи за „шпионски талог“ и „глодари“

    Фото: МИА

    ЕУ го активира Планот за раст: Северна Македонија доби најголема транша од новата европска поддршка

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Џелал Хоџиќ

    Парадоксот на „Српскиот свет“: Северна Македонија го спасува режимот на Александар Вучиќ од српската демократска јавност во Србија

    Порака до сите што беа на кумановскиот митинг за поддршка на Вучиќ

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Ура за Македонија

    Мајски извештај за продукцијата на ЦИВИЛ МЕДИА: Навигација низ информацискиот метеж

    ШПИОНСКА АФЕРА: Додека се шпионира НАТО, власта на Мицкоски креира политики по терк на Москва

    Проф. д-р Александар Иванов

    (ЕКСКЛУЗИВНО) Проф. Иванов: ИТ-администраторот во претседателскиот кабинет не е обичен техничар, секое доцнење на форензиката има контраразузнавачка цена

    Со обете нозе во една чевла

    Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

    (ЕКСКЛУЗИВНО) Проф. Андонов: Постапката за шпионската афера намерно се води погрешно, се урива кредибилитетот на државата пред НАТО сојузниците

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    Папата Лав XIV: Технологијата мора да му служи на човекот, а не да го замени

    Архитектура на критичката мисла: Зошто на јавниот простор му е неопходна аналитичка длабочина

    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Кога твојот живот е само ставка во табела

    Со обете нозе во една чевла

    Ова не е апел за милостина, туку за здрав разум: Олеснете им го животот на луѓето!

    ИН МЕМОРИАМ | За кривите линии на Коракс

    Гордо – назад и надолу

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Моќ, сила, манипулација и Овертоновиот прозорец

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home СЛОБОДНА ЗОНА ЕДИТОРИЈАЛ

Не мора да се будите. Добра ноќ.

August 28, 2022 10:26
in ЕДИТОРИЈАЛ, ПОЛИТИКА, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Антиевропски протести, Скопје, 15 јули 2022 година (фото: Г. Наумовски/ЦИВИЛ)

Антиевропски протести, Скопје, 15 јули 2022 година (фото: Г. Наумовски/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Насилството, неодговорноста, бесот и гневот прераснаа во нескриени одлики на политичките партии на десницата и нивните апологети и поддржувачи меѓу јавните интелектуалци. Во својата (социјална) незрелост и непресметливост, тие не покажуваат ниту намера да се информираат за нештата, камоли да понудат одговори на клучните прашања на општеството и државата.

Интелектуалците – или тоа што по некои дефиниции се подразбира под тој назив – често се „енергетскиот напиток“ на радикалните структури. И не се работи за злоупотреба на интелектуалците и нивната мисла за политички (и криминални) цели, туку тие свесно, често и непоканети, се впуштаат во креирање или апологија на деструкцијата и насилството.

Во блиската и подалечната историја на овие простори и низ светот, гледаме видни интелектуалци во чии зборови и мисли, напишани или изречени, се наоѓаат корените на монструозни доктрини. Нивните мисли и дела поттикнале или оправдале незамисливи понижувања на Човекот, разорувања, страдања и смрт на цели заедници и нации. Така е и сега.

Парадираат со своето надуено его

Ги гледаме на јавната и политичката сцена, како парадираат со своето надуено его и се расфрлаат со „мудрости“ во одбрана на „вредностите“ кои се под „закана“ од „другите“. Нивниот националшовинизам, расизам и општа назадност, можеби прикриени во минатото, избиваат на површината со сета силина токму во периоди кога се носат големи одлуки и се водат тешки и значајни процеси.

Тие се првите што шират дефетизам, недоверба, скепса и омраза. Некои суптилно ги плетат своите „освестувачки“ теории во стилот на „не ломите ми багрење“ (Балашевиќ) или „не издаваат фискални, не плаќаат струја и даноци“. Но повеќето од нив во јавната комуникација се однесуваат како пијан морнар. Без скрупули, без почит кон било какви стандарди и етика, едноставно се впуштаат во креирање и ширење на отворена омраза.

Зошто, о, зошто, по ѓаволите?

Дали затоа што не биле во првите редови на големите настани? Или биле, а веќе не се? Дали затоа што потајно негувале политички амбиции? Жед за внимание? Пари? Позиции? Суета? Или затоа што отсекогаш биле националшовинисти? Прашањата не се исцрпуваат тука, а одговорите не се едноставни.

„Џорџ Орвел кажа дека некои идеи се толку глупави што само интелектуалец може да им поверува, бидејќи ниту еден обичен човек не може да биде толку будала. Записите на интелектуалците од дваесеттиот век се посебно грозни во тој поглед. Ретко кога еден диктатор што спровел масовни убиства во дваесеттиот век бил без неговите интелектуални поддржувачи, не само во неговата земја, туку и во демократиите во други земји, каде што луѓето биле слободни да кажат што сакаат. Ленин, Сталин, Мао и Хитлер имаа свои обожаватели, бранители и апологети меѓу интелигенцијата во западните демократски нации, и покрај фактот што овие диктатори завршија со убивање луѓе од својата земја во размери без преседан дури и од деспотските режими што им претходеа“ – пишува Томас Совел во предговорот на „Интелектуалците и општеството“ (Basic Books, 2012, проширено издание).

Во 2018 година, на Северна Македонија и Грција им успеа, со храбрите лидерски потези на тогашните премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас, да надминат тридецениски меѓудржавен спор. Влеговме во НАТО. Тогаш беа забележани исклучително силни симптоми на „болеста“ (која, впрочем, не е нова, дијагнозата е стара најмалку колку и Југославија).

Во 2022 година, на Северна Македонија ѝ успева да ги придобие сите земјите членки на ЕУ (плус САД) да извршат притисок врз соседна Бугарија да попушти и да ја крене рампата што води кон ЕУ. Повторно, со мудри и трпеливи, но и храбри дипломатски потези. По 17 години чекање, Северна Македонија ги започна преговорите за членство во ЕУ. Тогаш „болеста“ експлодира.

Интелектуалната „елита“ се најде на страната на подивената улица која извикуваше „чиста Македонија“ и „смрт за Шиптари“ во денови кога тема беше Бугарија (соодветно, нели?).

Се крмат од државната каса цел живот и ништо не работат

Имаат третман на „елита“, а се однесуваат како да излегле од најмрачните подруми на заборавот. Се крмат од државната каса цел живот и ништо не работат, а и тоа што го работат е лошо, плитко и грдо, недостојно да се нарече и провинциско. Но затоа се во првите борбени редови за „одбрана“ на националните интереси кои веќе се одбранети од други, навистина способни и посветени луѓе.

Морам да кажам дека не сум многу изненаден од отворениот националшовинизам и антизападни ставови со кои се „прославија“ дел од јавните интелектуалци и креатори на јавното мислење. Повеќето од нив живеат од буџетот на државата која во своите темели ги вградила мултикултурализмот и прозападната ориентација. Некои од нив цел живот заработуваат (некои и се богатат) од западни финансиски (донаторски) извори, но тоа не им пречи бесрамно да ѝ се приклучат на антизападната толпа. Без срам, „се отворија“ и застанаа во истата колона со радикализираната националистичка десница која дејствува под диктат на Кремљ.

Сведоци сме на крајна злоупотреба на општествената позиција и напуштање на прогресивната улога на интелектуалците во едно општество. Тие се соучесници во убиството на дијалогот во општеството, што го изврши режимот на Груевски, а сега се само пешадинци во пропагандната војна што ја водат руските инсталации.

„Пропагандата престанува таму каде што започнува едноставниот дијалог“ – пишува Жак Елиол во „Пропаганда“ (1962).

Тоа тие го знаат. Затоа држат бескрајни монолози за чистотата на нацијата, идентитетот, јазикот, гордоста…

Избор меѓу распадот и благодатите на демократијата

Луѓето се исправени пред избор. Да ги препознаат дезинформациите и пропагандата или да сведочат на распадот на нивното општество и крајот на благодатите од демократијата. Да ги „прочитаат“ мотивите и целите на интелектуалците, медиумите и политичарите со внимание и да размислат што им треба, каде сакаат да одат и зошто мислат така. Самите нека одберат, ако веќе не сакаат да им веруваат на релевантните и професионалните извори. Но ако ги следат протагонистите во овој текст, нема да стасаат на добро место.

Измешани коцки: Го мразат министерот за надворешни работи затоа што тој по потекло е Албанец. Според нив, тој како Албанец, нема право да биде вклучен во преговори со Бугарија која поставува пречки за македонското членство во ЕУ (што, впрочем, е решен проблем). Министерот е дел од влада во која се креираат стратегии и се носат одлуки, а министрите учествуваат во тоа, а потоа и ги спроведуваат. Не, тоа никаде не се споменува, небаре се работи за деца од нижите одделенија на основно училиште. А тие што сметаат дека Османи завршил добра работа (замислете, иако е Албанец!) се предавници и смртни непријатели на Македонија (чиста, разбира се). Не може да бидат ништо друго. А ако се не-Македонци, тогаш секако заслужуваат само гасна комора.

Или: Националшовинисти и рашисти што се колнат во „Мајка Русија“, ја мразат владата затоа што спроведува прозападна политика, мразат уште едно чудо други нешта (Албанци, Роми, Турци, Бугари, Грци, хомосексуалци, вакцини, муслимани, ЕУ, НАТО, САД), но аплицираат за школување, работа или иселување на Запад (ЕУ, САД, НАТО земји).

Луксузот на затворени очи

Дојде времето кога не можеме да си го дозволиме луксузот на затворени очи пред оние што вулгарно и дрско ги злоупотребуваат придобивките на демократијата, а најмногу од сѐ, слободата на говорот и (можеби уште повеќе) буџетот на државата. Да, тие не ја користат, туку ги злоупотребуваат демократијата и буџетот.

Живееме во крајно поларизиран свет, среде брутална војна во Европа (и не само во Европа), каде што сите општествени и институционални механизми мораат да обезбедат организиран одговор. Паралелно со тоа, сите мораат да се соочат со предизвиците на социјалната правда, сиромаштијата, здравството, образованието, економијата, дигиталните трансформации, климатските промени и (ултимативно) безбедносните и воените закани. И со радикализмот што дел од јавните интелектуалци го поддржуваат, колку агилно, толку и неодговорно. Не е лесно, ниту едноставно, но времето на комфор одамна истече.

Ако досега не сте се разбудиле, можеби е веќе доцна за будење. Продолжете со спиење. Добра ноќ.

Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ