• Latest

Нè очекува ли успешен попис во 2020 година?

November 30, 2018
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Нè очекува ли успешен попис во 2020 година?

November 30, 2018 09:40
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на подготовките на претстојниот попис кој според најавите ќе се спроведе во 2020 година, ЦИВИЛ Медиа зборуваше со поранешниот директор на Државниот завод за статистика и експерт за демографија и попис, Дончо Герасимовски.

Почнувајќи од вчера, на медиумската платформа на ЦИВИЛ имате можност да проследите низа разговори со Герасимовски околу подготвеноста и подготовките за пописот.

Во денешниот разговор ги презентираме ставовите и прогнозите на Герасимовски за тоа што се случи со пописот во 2011 година и дали овојпат ќе успееме да спроведеме квалитетен и успешен попис.

ЦИВИЛ МЕДИА: Кои се вашите прогнози со оглед на неуспешниот попис од 2011? Нè очекува ли успешен попис во 2020 година?

ГЕРАСИМОВСКИ: Мојот личен став е дека пописот зависи од самата организација, од надлежните институции и вклученоста на државата.

Во тој контекст морам да истакнам дека покрај моето учество на разни функции на пет пописи на кои имам учествувано, за жал, во пописот 2011 година не учествував од разно разни причини или нечии желби.

Меѓутоа, учествував во работата на Комисијата за политички систем во Собранието на Република Македонија каде на дневен ред беше ставен предлог-законот за спроведување на попис 2011 година. Тогаш, во 2010 година имав прилика да ги кажам моите забелешки за тој закон. Но моите забелешки тогашниот министер за правда и директорот на Државниот завод за статистика не ги прифатија. На крајот кажав дека со таква организација, со такви подготовки, со такви надлежности и со префрлување на активностите на други институции, а не на надлежната институција, таков попис нема да успее. Иако, покрај моето долгогодишно работење во самиот Завод за статистика, каде што имам поминато 35 години и каде што по пат на мерит систем ги имам поминато сите работни места, со жал констатирав дека таквиот попис нема да биде успешен. За жал, и тоа се случи.

Случувањата или причините на јавноста и се доста познати. Позната е појавата на Државната пописна комисија којашто подоцна се растури со оставките на претседателот и потпретседателот, бидејќи главната функција ја вршеше токму оваа комисија. Ова беше една од моите главни забелешки. Главна институција за спроведување на попис, секаде во светот, е Заводот за статистика. Но, и надлежната институција, односно Државниот завод за статистика треба да поднесува извештаи до некој повисок орган. Се надевам дека тоа го прави Владата, извештај до Владата или извештај до Собранието, тоа мора да биде регулирано во Законот. Тоа е многу битно за во иднина.

Од тој аспект, поради сите појави и проблеми, поучени од она што се случи во 2011 година треба големо внимание да посветиме на самиот закон, што сè ќе содржи тој во себе, а потоа ќе произлезат останатите документи како методологии, упатства, финансиски аспекти, програми… Меѓутоа, сепак треба да се внимава на тоа дека надлежните и стручните организации во светот тоа го прават во консултации со Владата, со Собранието, со јавноста и со сите институции коишто имаат допирни точки со сето тоа што е внатре.

Маја Ивановска
Камера и фотографија: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети


Прочитајте повеќе: Дали Македонија е подготвена за попис?

Утре ќе читате: Проверка на обврските кои произлегуваат од етничката припадност како предуслов за потребата од ваква категорија во пописот.


Преземање на содржините НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста

Tags: 20112020Дончо ГерасимовскиДржавен завод за статистикапопис
Share15TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ