Во Битола се одржа протестен марш на опозициската ВМРО-ДПМНЕ против потпишувањето на договорот со Грција за решавање на долгогодишниот спор со името. Маршот го предводи претседателот на партијата Христијан Мицкоски, јавува МИА.
https://www.facebook.com/a1onmk/videos/1727951653947091/
На протестот учествуваат пратеници, членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ. Според лидерот на партијата Христијан Мицкоски, станува збор за решение кое е комплетно спротивно на државните и националните интереси на Република Македонија. Повеќе пати го повтори ставот дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени за промена на уставното име.