Во Битола се одржа протестен марш на опозициската ВМРО-ДПМНЕ против потпишувањето на договорот со Грција за решавање на долгогодишниот спор со името. Маршот го предводи претседателот на партијата Христијан Мицкоски, јавува МИА.
ВО ЖИВО ОД БИТОЛА: Протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ поради договорот за промена на името
ВО ЖИВО ОД БИТОЛА: Протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ поради договорот за промена на името
Gepostet von A1on.mk am Sonntag, 17. Juni 2018
На протестот учествуваат пратеници, членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ. Според лидерот на партијата Христијан Мицкоски, станува збор за решение кое е комплетно спротивно на државните и националните интереси на Република Македонија. Повеќе пати го повтори ставот дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени за промена на уставното име.