• Latest

Не во мое име!

October 16, 2018

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Спортот не е платформа за пропаганда на убиства

May 27, 2026

Уставните измени, „бугарското прашање“ и европскиот пат: Како да се води рационална дебата без страв и манипулации

May 27, 2026
Илустрација: ВИ

РЕАКЦИИ: Од повици за компромис до обвинувања за „бугарска уцена“ – граѓаните поделени за ставовите на Мицкоски и Филипче околу Бугарија

May 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Не во мое име!

October 16, 2018 10:23
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Не може да им се прости на луѓе што извикуваат „Шиптари во гасни комори“, „Добар Шиптар, мртов Шиптар“, „Словенски п***и“, „Ќе ве распнеме на крст“… сѐ додека тие продолжуваат со тоа и веруваат дека тоа е исправно. Не може да им се прости на оние што колнат и навредуваат, на оние што нѐ нарекуваат предавници и повикуваат на погром, силувања и линч.

Џабир Дерала

Може да му се прости на оној што побарал прочка. Или да му се намали казната. Некој што не се чувствува виновен за своите злодела, не може да му се прости. Апсурдно е да се помислува дека постои простор за простување на екстремист, садист и клеро-фашист што тврди дека сторил херојско дело затоа што нападнал човек со цел да го убие ѕверски, со шипки, тупаници и клоци по главата, додека извикувал најстрашни клетви и највулгарни пцости во наплив на неискажлива омраза.

Благородна и длабоко хумана е потребата да се прости и за најстрашното злодело, да. Човечки е да се згреши, а уште почовечки е да се прости. Но, само тогаш кога сторителот е свесен дека тоа што го сторил е погрешно. Тој што не е свесен или свесно одбива да признае злосторство, нема што да му се прости. Да се прости е морална и социјална категорија, но тоа нема врска со правото. Може да му се прости на злосторникот, но тој секако мора да си ја отслужи казната. Можеби судот може да му ја намали казната, но записот за извршеното злосторство останува, жртвата останува жртва.

Оваа земја треба да помине низ процес на денацификација. Мора да се поведе силно движење во кое луѓето што со години беа раскарани и замразени меѓу себе, да се погледнат в очи и да си дадат рака, да си ги признаат, а потоа и да си простат меѓусебно. Треба да се види каква улога играа политичките партии, но и верските заедници, школите, интелектуалците, уметниците, МАНУ… Да го извлечеме сиот талог на површина и да им кажеме збогум на поделбите, омразата и дискриминацијата. Да се изгради нова култура, откако ќе ги урнеме, со земја срамниме и закопаме сите гнасотии што криминалци и социопати ги вгнездија во нашите животи.

Многу земји спровеле такви процеси на помирување во општеството. Тоа се нарекува соочување со минатото. Во Јужноафриканската Република и во повеќе други земји во светот се формираа Комисии на вистината пред кои расисти, престапници, па и злосторници, во присуство на жртвите и заинтересирани луѓе, некаде и медиуми, ги опишуваа своите постапки и бараа простување. Злосторниците кои убиле или тепале, ни тогаш не поминале неказнето, но им било простено.

На Македонија ѝ треба еден ваков процес. Само така ќе обезбедиме долготраен и одржлив мир, внатрешна хармонија. Само така можеме да се развиваме како држава, мала, со сѐ помал број жители, но пристојно и пожелно место, барем за стареење…

Секој од нас поединечно и општеството во целост, треба да донесе одлука да се прости и да се остават грдите настани во минатото. Спомените и тагата ќе останат, загубата на човечки животи и нарушеното здравје на луѓето се ненадоместливи, но можеме да се обидеме тоа да го оставиме зад нас. Но, болката треба да се изрази, гласно и искрено.

Над сѐ, мора да се признае одговорноста. Само така можеме да престанеме да бидеме жртви, да се чувствуваме како жртви и да престанеме со обвинувања на другите. Треба да ја погледнеме сегашноста, да се обидеме заеднички да уживаме во тоа што е сега и овде. Дури по сето тоа, можеме да простиме. Да им простиме ним и да си простиме себеси.

До тогаш, нема да им простам. Не може никој да им прости. Не во мое име!

 


Објавено и во Плусинфо и Слободен печат

Преземање на содржините НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Share96TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ