Ако зборуваме за сообраќајот, ние сме иницијатори на повеќе средби со командирите на полициската станица. Тие немаат гориво за возилата, немаат возила, немаат доволно кадар, тогаш, каде е прашањето? Дали безбедноста ни е нарушена само од заедницата, или од институциите не се спремни да одговорат на барањата?, вели Јалчин Неџипов, вработен во Општина Кочани, како одговор на коментар од учесниците на јавниот настан „Граѓански дијалози за односи меѓу заедниците: Предизвици и решенија“, за нарушената безбедност во сообраќајот во Кочани.
Од страна на советот беше донесен заклучок дека, за жал, државата не сака да размилсува за Кочани, каде што Советот на општина Кочани бараше да не биде УВР, туку да е сектор, бидејќи ние сме под Штип, имаме голем број граѓани кои партиципираат во овој дел- Кочани – Чешиново/Облешево, Зрновце итн. И тоа е што се однесува во делот на безбедноста во сообраќајот, вели Неџипов.
Проблемот со сообраќајот не е само од Ромите. Тука имаме и малолетници што возат и мотори и друго, но, ако на средбава разговараме во правец на одговорност по етничка основа, ќе згрешиме. Целта треба да ни биде да посочиме кон лицата кои создаваат проблеми, и апелирам до медиумите, кога пишуваат наслови, да не напоменуваат Роми, или „во ромското маало“, туку да ја посочат улицата со име. Не може заради 50 Роми кои направиле некаков проблем или прекршок да страдаат останатите 2.000 Роми. Не може сите Роми да се стават во ист кош.“, посочи Неџипов меѓу другото.
Д. Тахири
Камера и фотографија: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети