• Latest

„Граѓански дијалози“ во Кочани: Надминување на разликите со дијалог, едукација, системска недискриминација и зголемен буџет за ранливите категории

October 6, 2023

Џелал Хоџиќ, СДА Македонија: Олигархијата го помага кочењето на интеграцијата во ЕУ

August 11, 2026
Вилен Темерјанов

Четири години од апсењето на Вилен Темерјанов: Новинарството не е злосторство – руската агресија е злосторство

August 11, 2026
Ерол Ризаов (фото: ЦИВИЛ)

ЦИВИЛ ги осудува смртните закани кон Ерол Ризаов: Институциите мора да ја прекинат културата на неказнивост

August 11, 2026
Кијив, 11 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Теророт на рускиот агресор не познава граници: Кијив, Запорижја и други градови под напад, погодена и детска болница

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје се незаконски и немаат правни последици

August 10, 2026
Шумски пожар (фото извор: ЦУК)

Европа и светот во пламен: Климатска криза, човечка небрежност и разорни последици

August 10, 2026
Скриншот од видеото што го промовира премиерот Христијан Мицкоски, Фејсбук, 9 август 2026

Битка за минатото и слепило за иднината

August 10, 2026
фото извор: Алта банка

СКАНДАЛ: Алта банка тргна и кон Црна Гора, Владата прво рече „да“, па „не“

August 10, 2026

Косово и Украина се на иста страна

August 10, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Хипокризија

August 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

„Граѓански дијалози“ во Кочани: Надминување на разликите со дијалог, едукација, системска недискриминација и зголемен буџет за ранливите категории

October 6, 2023 16:25
in ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода со поддршка од Градоначалникот на општина Кочани, Љупчо Папазов, организираше јавен настан „Граѓански дијалози за односите меѓу заедниците: Предизвици и решенија“ во просториите на Општината.

На оваа граѓанска средба учествуваа претставнички и претставници на граѓанските здруженија, медиумите, локалните институции, бизнис секторот, верските заедници, политичките партии и подмладоци и заинтересирани граѓанки и граѓани.

Градоначалникот на Кочани, Папазов, го отвори настанот нагласувајќи дека во Кочани живеат околу 85 отсто Македонци, останатите се Роми, Турци и Власи и најмногу разлики има во однос на социјалниот статус, етничката припадност, по политичките партии, по полова ориентација и други разлики.

Кај ромската заедница најизразени се социјалните разлики вели градоначалникот, додавајќи дека заедно со Министерството за труд и социјална политика склучиле договор за 25 ромски дечиња да бидат вклучени во градинка.

„Првачињата имаат тутори за да го научат македонскиот јазик за да можат да ја следат наставата. Општината издови за сите првачиња по 3.000 денари, а на социјално загрозените семејства им додели и пакет со училишен прибор.

Во однос на домувањето има неколку семејства кои живеат во субстандардни услови во делот кај Касарната, и правиме напори тие луѓе да добијат сместување. Од повеќе причини тие бараки не се изградени иако има обезбедени средства, но верувам дека до крајот на мојот мандат ќе се изградат тие објекти во одредена локација која ќе биде според ДУП и ќе се реши проблемот на дваесетина семејства“, рече Папазов.

Тој додаде дека општината инвестира во сите маала, и оваа година ја реконструираа водоводната линија и асфалтирааа неколку улици во ромското маало.

Една граѓанка вели дека и е несфатливо зошто со толкава толеранција локалната власт сака да им помогнеме на тие луѓе (Ромите) да влезат во социјалниот живот со нив (Македонците), додавајќи дека е факт оти треба многу да се работи за нивна интеграција.

„Дали не сме на погрешен пат во тој дел? Зошто толку се толерира таа граѓанска недисциплина, дивоградбите, горењето на материјали што се штетни за околината?“, вели таа.

Друга граѓанка вели дека проблемите во градот ги прават возрасните Роми кои беснеат во сообраќајот возејќи нерегистрирани стари и неисправни возила кои може да бидат ризик за дечињата.

Со ваквата констатација не се согласија неколку присутни кои посочија дека безбедноста во сообраќајот не е нарушен само од ромската заедница, и дека институциите не се подготвени да одговорат на барањата за поголема безбедност, бидејќи нема доволен број на полициски возила.

„Не може заради 50 Роми кои направиле некаков проблем или прекршок да страдаат останатите 2.000 Роми. Не може сите Роми да се стават во ист кош. Тој што направил проблем има име и презиме, а не да се објавува во медиумите дека тој што направил проблем живее во т.н. ромско маало“, рече еден граѓанин.

Друга граѓанка истакна дека не се проблем возилата кои собираат старо железо и отпад, туку проблем се оние кои возат џипови со голема брзина пред училиштата каде што стои знак дека може да се вози 30.

Друг граѓанин вели дека луѓето треба да се делат на луѓе и нелуѓе и не треба Ромите да се ставаат на тапет дека тие само прават проблеми. Тој додаде дека имаме нефункционален систем и дека треба да има дилајог меѓу заедниците за решавање на сите проблеми.

Претставник на СДСМ вели дека полицијата нема да го реши проблемот со кражбите или нерегистрираните возила, туку тоа ќе се реши кога егзистенцијалното прашање ќе се зголеми на ранливите категории на граѓани. А единствено ќе се зголемат финансиите ако станеме дел од Европската унија. Тој додава дека треба да се направат акциски планови со што ќе се подобри животниот стандард на сите ранливи категории.

Дискусијата обилуваше со кратки излагања и од другите учесници на средбата, а беа поставени и голем број прашања.

На средбата стана збор и за практичните чекори во претстојниот период, кога Општина Кочани и ЦИВИЛ заеднички ќе организираат награден ликовен конкурс на тема „Заедно за подобра иднина“ во основните училишта во општината.

Заклучок од оваа средба беше дека и најголемите проблеми се решаваат со дијалог меѓу сите чинители, но и со учество на граѓанките и граѓаните.

Д. М.
камера и монтажа: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ