Интернетот и новите технологии како вештачката интелигенција и методи како користењето “тролови“ и “ботови“, овозможува дезинформациите да се шират глобално, брзо и со висок интензитет“, истакна потполковник Александар Илиев од Министерството за Одбрана на јавниот настан на ЦИВИЛ на тема „Автопатот со факти, одговорност и решителност наспроти беспаќето на опасните дезинформации“.
„Негирањето на дезинформација не е ефективен метод. Напротив, повторувањето е дури контрапродуктивно. Позитивни резултати се постигнуваат преку создавање способност за критичко размислување и способност за препознавање на методи за манипулација. Добра стратешка комуникација и професионални медиуми се клучни алатки за неутрализирање на ефектите од дезинформации.
Спречувањето говор на омраза е добар метод да се помогне доаѓањето до вистината, бидејќи говорот на омраза е пречка за слободно изнесување различно мислење.
Дополнително, клучно за ефективно справување со дезинформациите е да се сфатат политичките цели на субјектот од кого потекнува заканата и да се сфати поширокиот контекст.“, изјави Илиев.