• Latest
Илустрација: Зоран Кардула

Нека цветаат сите цветови

December 15, 2020
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Нека цветаат сите цветови

Општество еднакво, преку држава еднаква, е дофатна цел. На оваа граѓанска ливада, на ова заедничко македонско поле, има простор прво за секого, а потоа и за сите.

December 15, 2020 11:17
in МУЛТИКУЛТУРА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Илустрација: Зоран Кардула

Илустрација: Зоран Кардула

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЗОРАН ИВАНОВ

Политичките партии се епилогот за тоа каде е леглото од каде што се продуцира некаков лажен или умислен патриотизам кој форсира национализам.

Национализмот, националистичките  пројави, ксенофобијата, се стари алатки кои се уште функционираат и во овој современ свет. Ние овде, мнозинството од нас во републоика Северна македонија, со сите сили и со сите надежи се стремиме кон  Европа. Поточно, спрема европските демократски и поцивилизациски вредности. Иако, знаеме, слушаме, гледаме дека и самата таа обединета Европа не е имуна од спомнатите атрибути. И таа се уште ги има во себе рецидивите, опашките од минатите времиња претрупани со пизми по  етничка, по национална  основа. И таму, посебно во земјите од балканскиве простори и самите држави се се`уште јавно или премолчно подржувачи на разно разни задоцнети национализми, на пример. Но нашиот репер се општествата релаксирани од таквите ксенофобии, од омрази на етно национална снова. Па, каде сме ние и на каде се движиме?

Македонското општество на оваа тема е падни стани. Во изминатите три децении од осамостојувањето земјава помина низ многу премрежија предизвикани од националистичките пориви. И тие, нивниот извор без исклучок секогаш било и тоа се провлекува и до денес, во доктрините на политичките партии. При секја киза, при секоја неможност да понудат решенија за скојдневието, за егзистенцијалните потреби на луѓето, посегнуваат по продуктивната алтак, по доза национализам. Оттаму и впечатокот дека таа појава во основа е негативна зашто кај нас, по правило, водела во конфликти меѓу етно колективитетите. Семе омраза одвреме навреме се расејувало, а и натаму се уште се расејува меѓу граѓаните. При тоа, фактот што чувството за својата припадност во колективот, припадност на својата нација како столб и на индивидуалниот идентитет, воопшто не значи национализам по дефиниција. Но ние овде, во овој наш мал македонски простор, веќе станавме толку пречувствителни што на самиот изговорен збор национализам, дури и при отсуство на било каква, па и на најмалата доза национална или националистичка манифестација, реагираме непотребно одбранбено, дури и агресивно осудувачки.

Ако само површно се обидеме да ги  детектираме центрите откде што извира национализмот, секако во кнтекстот на темата, оној национализам кој брзо се препознава дека не е излив на пријатно чувство за припадност кон својата етно култура, туку дека е фрустрирачки одраз спрема етно припадноста на другиот, лесно може да се констатира дека спортот е полето каде што национализмот е речиси непозната појава. Секако меѓу спортистите на  спортските терени, а не и кај дел од спортскта публика, посебно кај дел од неа. Таму на трибините, на гедалиштата, меѓу младите осебно кај организираните навачки групи, управувањето со нив е во рацете на политичките партии. Во партиските штабови, за потребите на партиските дневно политички агеднди, за да се пренасочи вниманието на  јавноста од неспособноста на политтичките елите да се зафатат со решавање на горливите дневни потреби на македонските граѓани, се пумпа национализам.

Вториот пункт, каде што исто така може да се евидентира дека национализмот не е доминантна појава, е културата. Иако по дефиниција кај културните дејци националното е многу присутно, често и нагласено во нивните културно уметнички дела, згора и тие, а и нивната публика, се пристојно софистицирани како во начинот на примањето на националното преку  културните продукти, така и при манифестирањето на националното кое се движи во емотивните граници на воспевање на својата нација. Таклвата манифестација на етно културолошка припадност не се и не можат да бидат фактори кои произведуваат иритирачки реакции кај припадници на друга нација. Егзистирањето на националната култура никогаш не е и не може да биде на сметака на културата на другата  нација.

Останува образованието. Се уште е тоа таа слабата алка која на уставно дефинираното општество еднакво за сите не му дава доволно свежина. Која го држи вкотвено во националните атари. Потврдата на констатцијава е во самиот факт што во бројни учебници се уште се провлекуваат термини што величаат една на сметка на друга нација. Притоа, многумина  од наставниците на нив гледаат со благонаклоност или, во најмала рака, игнорираторски толерантно се однесуваат спрема термините и целит ксенофобични содржини сместени меѓу кориците на учебниците контаминирајќи ги најмладите. Надлежните контролори на учебникарските содржини обременити со партиските доктрини, исто така, како да не се подготвени да се издигнат на задачата што им ја доверило општеството, посебно не доколку, како што е најчесто случај, кога на тие одгворни, на тие суптилни институционални позиции, таму каде што се, се партиски катапултирани.

Примери бројни. Колку за илустрација за еден од најсвежите кој се уште се провлекува во училишните програми. Некакви хумористични народни приказни создавани во едно време, а кои и денес може да бидат само некава историја. Или некаква музејска вредност или пак предмет за научни обработки по разните намески иститути. Но, наместо државата натаму да ги турка тие сочни етно ксенофбии, тие и во ова наше современо време како задолжителна  лектира им се нудат на најмладите по основните училиштата. Конкретно во ова лектирска литература Ромите се нарекуваат Цигани. Етикетирани се како лажливци, мрзливци, неработници. Згора, им се припишуваат и атрибути како бездомници, валкани, скитници, просјаци, крадци. И ова уште овде во Република Македонија, во земјата и уставно и политички декларирана како земја на еднакви и рамноправни граѓани без оглед на националната, верската определба или социјален статус.

Сепак, наспроти прокламациите, политичките партии се епилогот за тоа каде е леглото од каде што се продуцира некаов лажен или умислен патриотизам кој форсира национализам и кој одвреме навреме, според потребата на мигот, просејуваат национализам. Посебно оние конституирани врз етнички основи. Но исто и оние што упорно тврдат дека се граѓански и отворени за секого. Оттука, и актуелната поликратска доктрина не влева наеж дека македонските политички парттии имаат сили да се надраснат себеси. Да излезат докрај од сопствените прво заблуди па потоа да се ослободат и од партиските популистички алатки преку кои, одвреме навреме, врбизгуваат национализам. За, за изборни гласови, за освојување власт, за доминација врз државниот буџет. Врз тие од нив незаработени народни пари кои, доколку ги запоседнат преку освојување власт со помош токму  на граѓанските гласови кои, патем, немаат етно национален мирис, наместо со процесите во интерес с на граѓаните, во интерес на своите теснопартиски потрееби за доминација, моќ, привилегии, управуваат со граѓаните.

Македонската демократска академска, аналитичка и медиумска јавност ги има детектирано овие теснопартиски лакомости. Во таа насока се посензитивно реагира и најшироката македонска граѓанска дермократска јавност. Тоа буди надеж дека и политичките партии, тие главни носители  на судбината на македонската држава и на  македонското општество и декларативно и легислативно дефинирано како граѓанско, а се уште институционално дистанцирано токму од граѓаните, конечно ќе го стават прстот на чело. Ќе ретерираат, ќе се повлечат од самобендисаноста и од моќта која не е изворно нивна. Таа, моќта е на граѓанирте на Република  Северна Македонија. Тие се опоштеството, ексклузивно им припаѓа ним и ним треба да и им се врати.

Општество еднакво, преку држава еднаква, е дофатна цел. На оваа граѓанска ливада, на ова заедничко македонско поле, има простор прво за секого, а потоа и за сите. Зашто на овој наш  заеднички терен можат да цветаат и нека цветаат сите цветови.


Оваа содржина е дел од Иницијативата „Обединети во различноста“ посветена на промовирање на различностите како предност, богатство и квалитет на нашето општество. Иницијативата ја води ЦИВИЛ, со поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.

Наодите, мислењата и другите онлајн содржини објавени од страна на ЦИВИЛ, односно Редакцијата ЦИВИЛ Медиа, не мора да значи дека ги одразуваат оние на донаторите или спонзорите на ЦИВИЛ и на медиумската платформа на организацијата.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ