• Latest

Неказнивоста го охрабрува говорот на омраза

March 25, 2019
Илустрација ВИ

Безбедносно тестирање: Напредните AI модели покажаа автономно измамничко однесување, експертите бараат построга регулација

August 6, 2026

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Архива

По жестоките руски напади: НАТО работи на итна испорака на противвоздушна одбрана за Украина

August 6, 2026

Сите цистерни со сертификат, нема штета: Што покажуваат доказите за „Мазут“?

August 6, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Ватос – капина или како стигнавме до таму, змиите да ни бидат друштво

August 6, 2026
Тематска дебата на СДА Македонија, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ОРБИТАТА НА СРПСКИОТ СВЕТ: Европскиот пат блокиран, изолацијата станува државна политика – дебата на СДА Македонија

August 5, 2026

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ КИЈИВ: Најмалку 17 загинати и 44 повредени во нов масовен напад со ракети и дронови

August 5, 2026
СЛОБОДА | Кијив, 22 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Животот и демократијата се обновуваат под оган: Детален запис од мисијата на Media Dialogue во Украина

August 4, 2026
фото: ВИ

Италија предлага мигрантски центри во трети земји по моделот на Албанија

August 4, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Коалиција од 25 американски сојузни држави ја тужат администрацијата на Трамп поради новите увозни царини

August 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Неказнивоста го охрабрува говорот на омраза

March 25, 2019 15:46
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ОПШТЕСТВО, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Социјалните мрежи изминативе денови беа преплавени од реакции од немилион настан кој се случи во Нов Зеланд, каде терорист уби 50 луѓе кои се молеле во џамија. Реакциите беа различни и иако повеќето беа со пораки за солидарност, меѓутоа, секогаш се наоѓа некој кој ќе поддржува грозни убиства.

Таков е случајот со Татјана Лазаровска, вработена во АРМ, која на својот Фејсбук профил, напишала дека треба да му се даде награда за „храброста“ на терористот во Нов Зеланд.

ЦИВИЛ – Центар за слобода во своето соопштение бара од Владата и надлежните институции да преземат итни, неодложни чекори да воведат строги критериуми за оценување на луѓето што работат во нив и веднаш да ги санкционираат сите свои службеници и функционери доколку тие се служат со говорот на омразата и поттикнуваат радикализам, насилен екстремизам или на било кој начин придонесуваат кон возвишување на насилства, злосторства и тероризам.

„И по неколку дена од оваа порака, ниту Владата, ниту ресорното министерство на една земја, не излезе со јасен став и изјава во јавноста во која ќе слушнеме дека тоа лице е суспендирано, одземени ѝ се дозволите за пристап до оружје и муниција и дека е под истрага да не е дел од организирана екстремистичка мрежа. Тоа е најмалку што може да го направи владата или барем Министерството за одбрана, според некои минимални НАТО стандарди. Ако веќе ништо не значат Уставот и законите на нашата земја, како и човечноста и совеста, а би морало!“, стои во соопштението.

Активистката Месиха Смаиловиќ, по објавите на Лазаровска, на својот Фејсбук профил напиша дека ние како граѓани сме уморни да „ловиме“ поддржувачи и поттикнувачи на тероризам, омраза, убивање по Фејсбук од страна на вработени по министерствата и државните институции.

„Ве молам самите надлежни органи тоа да го направат! Ние плаќаме даноци за да ја плаќаме Татјана да користи оружје кое секој момент може да го искористи во некоја од џамиите? Ова е сериозно пишување! Истражете дали работи во АРМ и веднаш да се преземат активности на ДЕРАДИКАЛИЗАЦИЈА на истоименава. Ако се докаже дека е лажен профил најдете ја и истата да ја санкционирате“, напиша Смаиловиќ.

Џабир Дерала во денешниот рафал напиша дека е навистина чудо како Владата или барем ресорното министерство на една земја, нашата, речиси и официјално членка на НАТО, не излезе со изјава во која ќе слушнеме дека тоа лице е суспендирано, одземени ѝ се дозволите за пристап до оружје и муниција и дека е под истрага да не е дел од организирана екстремистичка мрежа. Тоа е најмалку што може да го направи владата или барем Министерството за одбрана, според некои минимални НАТО стандарди.

„Уште помалку можам да разберам (не се ни обидувам), што власта не расчистува со деструктивните и криминалните џебови во својата администрација и други служби и органи. Ни откриваат дека биле следени од подземни партиски милиции, а тие истите се дел од системот, платени со буџетски пари. И? Ништо… Фантастично! Од првиот ден по падот на режимот знаеме дека се организира „белиот штрајк“ на партиската солдатеска на која не ѝ е важно дали државата функционира, туку да се врати на власт нивната клика. Тоа се истите што, на наш трошок, со наши телефони, од наши компјутери, седнати на наши фотелји и столчиња, тролаат по социјалните медиуми, сеат говор на омраза, повикуваат на насилство, етничко чистење, верска војна, прогон и убивање на различните, го оправдуваат екстремизмот, фашизмот, тероризмот… И законот го штити тоа? Сериозно?“, пишува Дерала.

Денеска профилот на Татјана Лазаровска не е веќе достапен на Фејсбук.

МВР пред една недела најави кривична пријава по документирање на случајот со објавата на Фејсбук од извесна Фросина Тина Мартиновска. Од извршените проверки во персоналната евиденција на МВР констатирано е дека лице Мартиновска не работи во Министерството, како што беше пренесено во дел од медиумите.

„Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Ги повикуваме сите граѓани ваквите случаи да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата cybercrime@moi.gov.mk“, се вели во соопштението на МВР.

Ваквиот тренд ќе се шири сè додека институциите ги толерираат и не ги казнуваат тие што шират говор на омраза. Оваа „епидемија“ мора час поскоро да се искорени!

А. Петровска

Share16TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ