• Latest

Нема да има скрининг пред скринингот, САД и ЕУ не се мешаат, но го следат судирот меѓу Рускоска и Муареми, над 160 милиони евра собрани преку платформата UNITED24 за поддршка на Украина

August 5, 2022

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025

24 ЧАСА: Лидерски самит ЕУ-Западен Балкан во Скопје; Трамп му порача на Маск да ја затвори продавницата и да се врати дома во Јужна Африка; национализмот ја надвладеа борбата против корупцијата во Србија; растат тензиите меѓу Баку и Москва 

July 1, 2025

Шекеринска: Време е да инвестираме во мирот и стабилноста

July 1, 2025

СДСМ алармира – нема лекови на Онкологија, Клековски смирува: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

July 1, 2025

Од Голема блокада до Голема Србија

July 1, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

РЕАКЦИИ: Поддршка за студентите во блокада – време е Вучиќ да падне

July 1, 2025
Фотомонтажа; Скриншот од Влада на РСМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на владата во текот на првата година?

July 1, 2025

За Кос членството во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, Мицкоски очекува секаков инженеринг во ЕП

July 1, 2025
Фото: Скринчот од вифро на каналот Астра на Х

Украински дронови „со хируршка прецизност“ нападнаа руска фабрика на 1.300 км оддалеченост, на Крим уништени скапи руски системи за воздушна одбрана 

July 1, 2025

Самит на ЕУ и Западен Балкан: Седумдесет и пет отсто од договорените реформи со земјите од региoнот се или имплементирани или се во тек

July 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Нема да има скрининг пред скринингот, САД и ЕУ не се мешаат, но го следат судирот меѓу Рускоска и Муареми, над 160 милиони евра собрани преку платформата UNITED24 за поддршка на Украина

August 5, 2022 16:35
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

Обвинителски конфликти после првиот чин: Нема да има скрининг пред скринингот

Судирот Русковска – Муареми виа Јовески не може да заврши онака како што сега стојат работите. Очевидно е дека меѓународниот фактор не сака да биде инволвиран – нема да има скрининг пред закажаниот скрининг во рамките на пристапните преговори со Брисел.

Судирот во врвот на третата власт, која обично се концентрира во врвот на обвинителството за борба со организираниот криминал и финансовата полиција, но сега со вклучување на републичкиот јавен обвинител, деновиве заврши со апел на страната која смета дека нема доволна политичка поддршка до меѓународниот фактор за заштита. Да не заборавиме дека сето ова се случува пред почетокот на скринингот на правосудството во поширока смисла од страна на арбитрите од Брисел. Нивниот простор ќе се стеснува. Ова, да потсетиме, го најави и идната американска амбасадорка Ангелер во земјава во својот инаугуративен говор во Вашингтон! Сликата е таа, а детали има многу. Дури тешко е да се набројат во еден просечен текст.

Да почнеме само од релативниот крај на овој судир кој започна зимоска со фактот дека обвинителката од областа на организираниот криминал, Вилма Русковска, која сметаше дека, ако замине на одмор во Грција, ќе се раатиса од проблемите кои останаа зад неа. Таа јавно кажа дека мандатот ѝ истекува и дека, ако првиот јавен обвинител Јовески замине во пензија или на нова функција (во Уставниот суд), таа би седнала во неговата фотелја. Притоа, таа покажа дека има моќна телевизиска поддршка зад себе. Си излегува на екраните кога сака и добива простор да си ги каже желбите, а за возврат најавува, во „компензација“, што ќе се случува со криминалот во иднина, низ конкретни случаи, што, нели, не е сосема својствено за професионалците.

Одговорот на американската амбасада е кус и се вели дека се работи за тековни процеси кои треба да се решаваат во рамките на системот.

Одговорот секако е строго формален – нема да има скрининг пред скринингот.

ЕУ: Прашањето поврзано со Русковска и Муареми треба да го решат надлежните органи

Европската Унија внимателно ги следи сите случувања поврзани со меѓусебните неодамнешни јавни размени на обвинувања меѓу шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Вилма Русковска и директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми и смета дека – тоа прашање треба да го решат надлежните органи, се вели во одговорот до МИА од Делегацијата на ЕУ во Скопје во врска со повикот на јавната обвинителка Русковска упатен до надлежните државни институции и странски амбасади и меѓународни организации, пренесува МИА.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Костадиновска Стојчевска: Слободата на уметникот е огромна и таа слобода никој не може да ја ограничи

„Како министерка, се додека сум јас на тоа место, нема да има цензура во ниту еден проект поддржан од Министерството за култура. Исто така, сакам да сум апсолутно јасна, додека сум јас министерка, нема да има простор да се ограничува или насочува кој било уметник на кој било начин, тоа е против сите мои лични и пред сѐ професионални уверувања.

Доколку изјавата која денес е цел на “слободни” толкувања, повредила чувства, порив, мотив и обиди за творење, жал ми е. Намерата апсолутно не е да се насочува или ограничува, напротив, мојата интенција секогаш била и ќе биде поддршка на слободната мисла и изразување.

И за крај, би сакала да повторам: Слободата на уметникот е огромна. Таа е неприкосновена. Таа слобода никој не може да ја ограничи. И тука, никој не треба да има дилеми“, истакна Костадиновска Стојчевска.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ДИПЛОМАТИЈА Анџела Прајс Агелер е потврдена за нова амбасадорка на САД во Северна Македонија, објави на Твитер демократското мнозинство во Сенатот.

АНТИДИСКРИМИНАЦИЈА Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) присуството на генералниот конзул на Бугарија, Димитар Иванов за време на извршувањето на најавениот увид во просториите на Културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола, го доживува како обид за влијание врз нејзината работа, пренесува МИА.

ОДМАЗДА Руското Министерство за надворешни работи денеска на бугарскиот амбасадор во Москва Атанас Крастин му врачи нота со која се прогласуваат „персона нон грата“ 14 вработени во амбасадата и во конзуларните преставништва на Бугарија во Русија, пренесува МИА.

СВЕТ Обединетите Нации предупредуваат дека Северна Кореја се подготвува да изврши нуклеарна проба, што би било прво тестирање од 2017 година, пренесува МИА.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Повеќе од 6 милијарди хривни (над 160 милиони евра) во донации се собрани преку платформата за собирање средства UNITED24 за поддршка на Украина, со помош од 110 земји, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во објава на Телеграм, пренесува Укринформ.

*

Ако Украина успее да продолжи со контраофанзивата во регионот Керсон и турка кон Изум, Русите ќе се најдат пред тежок избор – тие или ќе треба да се повлечат од своите позиции западно од Изум или да распоредат повеќе персонал и опрема, стои во извештајот на Институтот за проучување на војната (ISW), пренесува Укринформ.

МУЛТИКУЛТУРА

Благица Димитровска од здружението „Инклузива“ од Куманово говори за различностите, младите и нивната перцепција за мултикултурализмот, како и за третманот на граѓаните со попреченост од страна на институциите.

ФОТО НА ДЕНОТ

Денес во Скопје, во герила акција, на надвозникот кај Кисела Вода беше поставен транспарент на кој, помеѓу руски знамиња е напишано „Апасиев, вошка беше, вошка и ќе останеш“.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за настапот на претседателката на Самитот на НАТО?

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ