• Latest

Нема договор за минимална плата, ќе се формира тело за креирање официјална потрошувачка кошница

February 4, 2025

Мир 2025: Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025
Фото: Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Жените во Шуто Оризари „гласаа“: Бесплатно здравје за сите

October 13, 2025

Трагедијата во Кочани ја зема 63-та жртва: Во притвор почина осомничениот инспектор Владо Петров

October 13, 2025

ДКСК расправа за изборни нерегуларности кои завршуваат без санкции

October 13, 2025
Илустрација: ВИ

Се печатат гласачките ливчиња за Локални избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

ВУЧИЌ: Издрибланиот дриблер

October 13, 2025
Фото; Креирано со помош на ВИ

Локални избори 2025: Кандидатите најавуваат зелени површини, дигитализација, спорт и поддршка за млади и семејства

October 13, 2025

Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!

October 13, 2025

Меѓународна конференција на ЦИВИЛ во Скопје: Парламентарци и експерти од Европа и пошироко говорат за иднината на Европа и Украина

October 13, 2025
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Нема договор за минимална плата, ќе се формира тело за креирање официјална потрошувачка кошница

February 4, 2025 10:54
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Синдикатите, Државниот завод за статистика, Организацијата на потрошувачи, како и министерствата за економија и за финансии заедно ќе креираат официјална потрошувачка кошница, но нема договор за минималната плата, е епилогот од вчерашната седница на Економско-социјалниот совет – ЕСС. Според работодавачите, не бил прифатен предлогот Владата да субвенционира дел од социјалните придонеси за да се зголемат платите, синдикалците, пак, велат дека таквиот предлог не бил одбиен од Владата и оти наскоро ќе има нова седница на ЕСС, пренесе МИА.

Како што изјави претседателката на Организацијата на работодавачи Владанка Трајкоска, на следната седница на ЕСС најверојатно ќе се формира телото кое ќе ја дефинира официјална потрошувачка кошница.

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) Слободан Трендафилов, пак, изјави дека смета оти е добро да има независно тело кое ќе нуди различни пресметки, но додаде дека ССМ и понатаму ќе продолжи да ја пресметува синдикалната кошница. Во креирањето официјална потрошувачка кошница гледа обид за минимизирање на синдикатите, како и обид за незголемување на платите (минималната и останатите плати). Како што посочи, ќе се разговара дали ССМ ќе учествува во независното тело кое ќе ја креира официјалната кошница.

Според Трендафилов, минималната синдикална кошница ги отсликува реалните потреби на едно четиричлено домаќинство и ССМ и стои на располагање на државата ако има потреба, да и пренесе дел од своите знаења во однос на пресметките. Трендафилов потсети дека Државниот завод за статистика во кошничката опфаќа околу 230 производи кои се „далеку понереални“, како ананас, јагоди, ореви, бадеми,…, а ССМ се задржува на неопходните: сезонски овошја, газиран и густ сок, хамбургери за децата,…

-ССМ ќе продолжи да ја пресметува минималната кошничка која се покажа како единствен релевантен податок. Ако грешката е што во неа се ставени сеознски овошја, еден газиран и еден густ сок или хамбургери за децата, тогаш може слободно да направат нова методологија и нова пресметка. Веројатно сите сакаат да станат синдикалци. Она што го критикуваат во нашата кошница е минимално пресметано, 25 грама цреши денеска можеме да поделиме со семејството, една чаша кока-кола и една чаша сок од портокал.

Со 730 денари во текот на денот не може да купите ни четири бурека и четири јогурти, а не за појадок, ручек и вечера. Сепак, стоиме на располагање за да пренесеме дел од нашите знаења ако државата или Државниот завод за статистика смета дека треба да направат некакво унапредување. Но, ќе потсетам, и денеска статистика пресметува близу 230 производи во нивната кошница кои се далеку понереални: ананас, јагоди, ореви, бадеми.

Она што ССМ го прави од 2010 година било и ќе биде критикувано од сите влади, но ако разговорите преминат од фаза на дискусија и идеи во фаза дека ќе ни докажат дека можеме да преживееме со далеку помалку, можеби ќе треба да се пресмета просечна кошница која ќе биде над 2 000 евра, која ќе ги отсликува реалните, а не минималните потреби, само тоа нема да им се допаѓа ни на Владата, ни на работодавачите, изјави Трендафилов.

Укажувањата на седницата на ЕСС биле дека е потребно независно тело да пресметува потрошувачка кошница.

– ССМ, како и сите синдикати во регионот и Европа пресметува вакви кошнички за да покаже каде треба да се движат владините и политиките на работодавачите за зголемување на платите. Веројатно ова со официјалната кошница ќе биде координиран напад и во наредниот период ќе се трудат да не замолчат. Сите денеска на ЕСС се обидуваа да најдат некаква грешка, но не успеаја, истакна Трендафилов.

Според него, ССМ останува на ставот дека платите треба да се зголемат уште денеска, а работниците можеби немаат толку големи проблеми со Владата и работодавачите, колку што имаат со некои синдикалци.

– Синдикалци на седницата не убедуваа дека можеби и не е потребен раст на минималната плата зашто ќе правел притисок врз останатите плати. Сметаат и дека кошничката што ние ја пресметуваме треба да ја критикуваат и да даваат поддршка на некој трет да ни ја крои капата нам, на работниците и граѓаните, а бојкотот покажа дека животот ни е прескап и дека е потребно платите да се зголемат уште денес, подвлече Трендафилов.

Тој оцени дека е созреано времето и дека денеска е денот сите социјални партнери да си подадат рака за работодавачите да можат да издржат да плаќаат дополнително зголемување на  минималната и платите во приватниот сектор без притоа Владата да има дополнителни оптповарувања на Буџетот.

-Да се слеат дополнителен дел на придонесите од законското усогласување на минималната плата, а работниците да добијат повисоки плати согласно трудот што го вложуваат. Ако минималната плата се зголеми дури и  на 31 500 денари согласно предлозите на стопанските комори, ќе се вратиме на позиција кога две минимални плати ќе ја покриваат минималната синдикална кошница.

ССМ останува на ставот минималната плата да се зголеми на 24 400,  24 500 или 24 700 денари и да се договорат социјалните партнери дека е потребен дополнителен раст на минималната плата, а работодавачите да бидат ослободени од плаќање придонеси за  делот од дополнителниот раст, односно субвенционирани од државата. ССМ се залага за зголемување на сите останати плати преку субвенционирање на придонесите за одреден период, повтори Трендафилов.

Претседателката на Организацијата на работодавачи Трајкоска во изјава за медиумите истакна дека на седницата на ЕСС нема договор за минималецот и дека е одлучено да има официјална потрошувачка кошница.

-Се дискутираше за минималната синдикална кошничка, но се официјализираше дека ќе има официјална потрошувачка кошница. Сметаме дека ќе биде официјална и институционална, ќе ги дефинира сите точки и ќе ги земе предвид сите потрошувачки елементи релевантни за една кошничка. Се дискутираше на неколку теми, меѓу кои и минималната плата, но имаше само дискусија, без ставови и заклучоци. Сите се стремиме кон ЕУ и она што го истражувавме беше дека ЕК нема директива за потрошувачката кошница. Секоја држава во регионот и ЕУ има и синдикална и кошница што ја формираат институциите и тие се разликуваат драстично, синдикалните се дури двапати поголеми. Тоа се политички одлуки и елементи кои ги користи синдикатот за свои придобивки и тоа е нивен метод за вршење притисок, изјави Трајкоска по седницата.

Според неа, не бил прифатен предлогот Владата да субвенционира дел од социјалните придонеси за да се зголемат платите.

Пред седницата на ЕСС работодавачите рекоа дека е можно минималната плата да биде и повисока од 450 евра ако Владата субвенционира дел од придонесите. Тие пред седницата на ЕСС изјавија дека секое покачување што ќе го издвојат во износ од 1 000 до 9 000 денари треба да биде помогнато во рок од една година од Владата преку социјалните придонеси, а понатаму, со зајакнување на економијата, да има шанси да се исплаќа од нивна страна во целост.

Според ССМ, пак, ако работодавачите имаат желба да се зголемат платите на сите вработени во приватниот сектор, треба да се изнајде решение со кое Владата ќе субвенционира дел од придонесите. Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) порача дека ќе предложи формула според која Владата би субвенционирала дел од платите на најсиромашните.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ