• Latest

Нема кривична одговорност за бегството на Мијалков

June 5, 2021
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Нема кривична одговорност за бегството на Мијалков

June 5, 2021 15:11
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Јавниот обвинител кој постапуваше во предистражната постапка отворена по повод недостапноста на обвинетиот С.М. при обид да му се врачи решение за куќен притвор, утврди дека нема место за јавнообвинителска одлука од причина што не е утврдено постоење на кривично дело што се гони по службена должност.

„Во рамки на предистражната постапка беа преземени поголем број на истражни дејствија. Обезбедени се безбедносните камери од повеќе локации, прибавени листинзи за реализирани телефонски комуникации за вкупно 54 телефонски броеви од интерес, беа сослушани вкупно 37 лица, меѓу кои и министрите за правда и внатрешни работи, директорите на АНБ и БЈБ, премиерот, јавниот обвинител на Република Северна Македонија, основната јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и претседателот на Основниот кривичниот суд Скопје. Извршени се и полициски разговори со дополнителни 20 лица за кои се сочинети службени материјали. Во постапката беа обезбедени докази и податоци од различни правни лица. За потребите на предистрагата, беше извршена анализа на вкупно 18 одземени телефони и на одземени уреди за видеонадзор, беа извршени две вештачења и беа обезбедени службени материјали за постапувањето на сите инволвирани органи,“ се вели во соопштението.

Во него се додава дека, неспорно е дека обидот за врачување на решението за куќен притвор на обвинетиот С.М. од Основниот кривичен суд Скопје од 21.02.2021 година останал безуспешен и дека во периодот од 21.02.2021 обвинетиот и покрај преземените дејствија за негово лоцирање бил недостапен за органите на прогонот, се до 16:55 часот на 23.02 2021 година, кога доброволно се пријавил во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

„Оттука, главното прашање на кое беше фокусирана предистражната постапка беше – каде бил обвинетиот во периодот кога бил недостапен на органите на прогонот и дали во овој период имал помош од одредени лица за истиот да остане сокриен.Во оваа насока прибраните докази упатуваат дека обвинетиот бил во својот дом се до доаѓањето на полициските службеници. Оваа констатација е потврдена со снимките од видео надзорот од хотел Мериот, службената евиденција на ЕСНД која упатува дека обвинетиот на 21.02.2021 година околу 15 часот стасал во својот дом, исказите на лицата кои работеле како негово лично обезбедување и исказот на сопругата на обвинетиот. Воедно, прибраните докази потврдуваат дека телефонот кој го користел обвинетиот зрачел на базната станица која го покрива неговиот дом,“ се додава во соопштението.

Јавниот обвинител утврдил дека географската поставеност на теренот на улицата каде се наоѓа домот на обвинетиот, доведена во корелација со просторот кој бил обезбедуван од службите на МВР, како и времето на обезбедување од моментот на доставување на судското решение до времето на проверка на домот од службените лица, овозможувала тој незабележано да излезе од својот дом.

„Имено, беа прегледани видео записите од камерите поставени во домот на обвинетиот, камерите од околните објекти, хотели, јавни претпријатија, камерите од Сејф Сити за движење на возилата кои беа предмет на интерес. Притоа не е забележан обвинетиот како се одалечува од својот дом. Сепак, од доказите обезбедени во предистражната постапка како теорија на случај се наметна само теоријата дека С.М. се оддалечил од својот дом во моментот кога полициските службеници се доближиле до неговиот дом и побарале да му врачат решение. Ова меѓу другото, произлегува и од околноста, дека телефонот кој обвинетиот го користел се гаси во истиот момент кога полицијата доаѓа пред неговиот дом. Од тој момент кога полицијата дошла пред домот на обвинетиот , до моментот кога службените лица го пребарале домот, поминале најмалку 45 минути, во кое време имал доволно голема временска рамка да се оддалечи од својот дом, а местоположбата на неговиот дом овозможувала тоа да биде направено незабележано преку задниот излез, движејќи се пеш во реон кој не е обезбеден со безбедносни камери и лоцирајќи се во некој од околните објекти,“ се додава во соопштението.

Во оваа насока јавниот обвинител извршил проверки во насока на постоење на евентуална логистичка или друга поддршка во однос на оддалечување од домот на обвинетиот и во однос на неговата недостапност на органите на прогонот. Притоа биле сослушани членовите на неговото семејство, како и членовите на неговото обезбедување, а од страна на полицијата привремено биле одземени и телефонските уреди кои ги користеле овие лица.

„Во текот на предистражната постапка, јавниот обвинител констатира слабости во меѓу институционалната и интерната комуникација на надлежните институции, но во оваа насока, јавниот обвинител смета дека ваквите дејствија немаат кривично-правна импликација од причина што недостасува кривично-правна последица. Имено, иако обвинетиот бил недостапен на органите за прогон, сепак самиот доброволно се пријавил. Со тоа отпаднал кривично правниот елемент на кривичните дела Злоупотреба на службената положба и овластување или Несовесно работење во службата, а тоа е прибавувањето на некаква корист за друг или нанесувањето на штета, односно недостасува последицата неопходна за постоење на кривично-правна одговорност кај службените лица кои преземале службени дејствија,“ велат од Обвинителство.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ