Слободанка Момчилова од Општина Штип со видео порака за Иницијативата на ЦИВИЛ “Направи разлика, почитувај ги различностите“.
Различностите, секогаш и во секоја држава сметам дека се повеќе богатство отколку проклетство. Зависи од луѓето, од секоја индивидуа посебно, во секој случај, во секоја држава каде што има повеќе различности, таа може повеќе и да напредува, бидејќи секоја различност, секое различно мислење, секој различен став, доведува до повеќе размислување, повеќе толеранција, и така општествата можат да одат само напред. Секое застанување, секоја зачмаеност, води повеќе кон застој на кое било општество.
Нема општество во кое нема различности, да може да оди напред и да напредува. Различностите се тие што не водат напред, секоја различна мисла и став водат до дијалог, води до разговор на различни теми и со тоа може да се дојде до нови размислувања и да се оди напред.
И.К. / Д.Т
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Горан Наумовски