пишува: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
Не постои никаква разлика меѓу „бомбите“ на Заев и тие на Ел Чека.
Со првите главно се откри само криминалот и корупцијата на раководството на ВМРО, додека со вторите, во тек е откривањето на криминалот, корупцијата и неморалот на раководството на ДУИ.
Практикувајќи ја заедничката власт долги години на овој начин, тие земјата ја втурнаа во длабока криза, од која едвај излезе, со помош на странскиот фактор.
Овие денови сведоци сме како овие од ДУИ се обидуваат, не да ги негираат, туку да ги игнорираат „бомбите“ и вината да ја префрлат на тој што ги објавува. Колку наивно, толку проѕирно.
Само за споредба, во Австрија, сега скоро, затоа што се објави само една „бомба“ за Вицеканцеларот, веднаш оставка поднесе целата влада и се распишаа предвремени избори.
П.С. После, за нас ЕУ била виновна што не ни дава „кристално чиста препорака“ за датум за почеток на преговорите.