Од неофицијални и непотврдени извори, ЦИВИЛ Медиа дознава дека Сашо Мијалков утре ќе биде пуштен од притворот во Шутка, по што може да се очекува да се упати директно во хотел Мериот.
Овие информации доаѓаат од кругот на блиски пријатели на Мијалков, анонимно. Инаку, тој не е дел од „пакетот“ преиначувања на мерката притвор во Шутка во куќен притвор, што ја добија Орце Камчев и другите притворени воо случајот „Империја“ на СЈО. Според објавите во медиумите, предлогот за ублажување на мерката притвор во случајот „Империја“ доаѓа од СЈО.
Џ. Д.
фото: Томислав Георгиев/kolektif.mk