ИМ 2725 и 2726,Аеродром, ОУ. Гоце Делчев. Непристапност на избирачко место за инвалидизирани лица. На избирачките места има паравани за гласање за лица со инвалидитет, но нема пристап за инвалидска количка. ИМ 2730, 27301/1 и 2731, во истото училиште се лоцирани на спрат и не се пристапни за инвалидизирани лица
Изборните нерегуларности како што се притисоци, поткуп, злоупотреби, проблеми со Избирачкиот список, кршење на изборниот молк, говор на омраза, односно сѐ што граѓанките и граѓаните сметаат дека не е во согласност со нивното сфаќање за слободни, фер и демократски избори, можат да го пријават во ЦИВИЛ.
Пријавите може да поднесуваат на веб страницата slobodniizbori.info или во Граѓанската пријава која лесно се наоѓа и со клик на банерот Стоп за лажните вести и говорот на омразата на интернет порталот civilmedia.mk.












