Крајниот рок за борбите во Газа да заврши во 8:30 часот по локално време (9:30 по средноевропско време) во недела, но израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека долгоочекуваниот прекин на огнот „нема да започне“ додека Хамас не објави список на заложниците што ќе бидат ослободени, objavi Си-ен-ен, пренесе ЦивилМедиа.
Хамас рече дека останува посветен на договорот и ги обвини „техничките“ причини за одложувањето, се вели во соопштението во неделата наутро, веднаш откако беше јасно дека Израел нема намера да престане со воените дејствија.
Камиони со помош веќе се наредени во колони на граничниот премин Рафах, објави египетската државна Ал Кахера њуз, пред закажаниот термин за прекин на огнот. Помошта за Газа ќе биде зголемена до 600 камиони дневно. Но, ОН предупредуваат дека тоа би било „само почеток“ во решавањето на хуманитарната криза во енклавата.
Триесет и три израелски заложници се очекува да бидат ослободени во замена за стотици палестински затвореници во првата фаза од договорот. Тројца израелски цивилни заложници се очекува да бидат ослободени во недела, соопштија претходно американски официјални извори.
Во деновите пред планираниот прекин на огнот, Израел го продолжи бомбардирањето на Газа, при што загинаа најмалку 122 лица и беа повредени 270, по објавувањето на договорот за прекин на огнот во средата, 15 јануари, според Цивилната одбрана на Газа.