Според податоците на Државниот завод за статистика, во последниот квартал од минатата година невработеноста во Северна Македонија е намалена.
Во IV тримесечје од 2022 година, активното население во земјава изнесува 802 280 лица, од кои вработени се 690 053, а 112 227 лица се невработени.
Стапката на активност во овој период е 54.9, стапката на вработеност 47.2, додека стапката на невработеност изнесува 14.0.
Истовремено, за „активните баратели на работа“ се нудат 9.236 слободниработни позиции, додека, според податоците на Агенцијата за вработување, најчесто понудените плати за работните места се 18.000 колку што изнесува законски определениот минималец.
М. Д.