• Latest

Незири: Дезинформациите и пропагандата се посебно корисни алатки во војната на Русија со западот

June 4, 2022
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Незири: Дезинформациите и пропагандата се посебно корисни алатки во војната на Русија со западот

June 4, 2022 20:48
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ИНТЕРВЈУ, МЕДИУМИ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Се разбира дека со започнувањето на воените активности во Украина, се интензивираа и активностите кои се однесуваат на формирање на јавното мислење, не само во Русија и Украина, туку и надвор од овие земји. Поаѓајќи од фактот дека Русија ја користи пропагандата и ги користи дезинформациите како посебна алатка во нивната војна со западот, во нивната битка со земјите кои не се наклонети кон Русија, на некој начин, се очекуваше еден ваков расплет на ситуацијата, кога зборуваме за присуството на лажните вести, на пропагандата и штетното влијание во нашата земја, вели аналитичарот Џелал Незири во интервју за ЦИВИЛ Медиа.

„Ова особено стана значајно, и особено стана проблем за земјите кои се дел од таа евроатлантска структура, земјите коишто се дел на НАТО, но и на Европската Унија, прокси инвазијата на Русија во источна Украина. Во 2014 година имаше сепаратистички тенденции и движења во источниот дел на Украина, преку прогласување автономни територии и независни држави во областа Луханск и Донецк, двата региони коишто се со руско етничко мнозинство, и што се под влијание на Русија. Во 2014 година имаше војници таму, коишто не беа со ознаки, чии се.

Но сите знаеја дека тоа се фактички војници на Русија, коишто се испратени таму за наводно, да ги заштитат таму етничките Руси. Истото се случи и со Крим, и целата оваа воена операција, се очекуваше дека дезинформациите, пропагандата како алатки, ќе се користат како стратегија за добивање на таа војна од страна на Русија. Но тоа што е значајно за демократските земји, е да најдат начини и механизми како да се одбранат од овие напади што се случуваат врз нивните демократски системи. Пропагандата и дезинформациите најмногу и штетат на демократијата, и на земјите кои имаат еден таков политички систем. Така што овие земји треба да создаваат резилиентни општества кои ќе бидат имуни на дезинформации и пропаганда.“, додава Незири.

Во однос на дезинформациите и пропагандата што се продуцира и конзумира во напата земја, Незири вели дека дезинформацијата стигнува до читателите побргу од една потврдена информација, според одредени мерења.

Лажните вести се по спектакуларни и поатрактивни за читателите. Лажните вести наликуваат на холивудски филмови, со конспиративни идеи и теории, коишто изгледаат многу атрактивно за еден просечен читател. И затоа лажната информација многу лесно се споделува на социјалните мрежи, или низ директни контакти помеѓу луѓето, отколку една потврдена информација. Многу потешко се прифаќа реалност која оди спротивно од нашите ставови, а многу полесно се прифаќа една илузија која ги потврдува нашите ставови. Машинеријата на производство на лажни вести функционира по овој принцип, а знаеме дека лажната вест секогаш има цел. Ако се случи ние денеска да направиме лапсус при нашето интервју, или да кажеме ненамерно некоја неточна информација, тоа се нарекува грешка, но, ако нашата информација, која не е точна, е искажана со некоја цел, тогаш станува збор за лажна вест, која е дел од некоја стратегија.

И затоа, лажните вести се опасна појава за нашата земја, особено затоа што е млада и неконсолидирана демократија, но и најмладата членка на НАТО. И најслабата, би рекол. И во оваа битка помеѓу западот и Русија, НАТО се идентификува со западот, а се удира нели таму каде што е најслабо. И токму од оваа констатација треба да очекуваме дека Македонија, но и Црна Гора, како најмлади и најслаби членки на НАТО, би биле цел на овие стратегии за лошо влијание со цел да се создадат проблеми најпрво во овие земји, и потоа во целата Алијанса, вели Незири.

Лажните вести се споделуваат од центри на политичка моќ, а неретко и центри на економска моќ кои заради нивни бизнис интереси, се производители на дезинформации и лажно вести. Кога станува збор за руската агресија во Украина, секако дека Русија сака да го зачува јавното мислење, наклонетоста, особено кога станува збор за оваа војна. Бидејќи Русија отсекогаш сакала да се прикаже, да го изгради имиџот на заштитник на Православието, заштитник на сите Словени во светот, коишто наводно се во опасност и се загрозени од страна на западот. Но секој ден гледаме како во Украина се рушат православни цркви… посочи Незири.

Во однос на справувањето на институциите со дезинформациите и пропагандата, Незири вели дека се почесто, уредувачката „политика“ во одредени медиуми, дозволува да се продуцираат дезинформации.

„Несомнено е дека интернетот е добра појава во медиумскиот спектар, но ги носи и овие штетни ефекти, каде што секој може да продуцира и објавува вести, без претходно да се потврдени. И во ваков амбиент, државата, но и невладиниот сектор, треба да бидат многу по активни во однос на едуцирање на јавноста, во однос на медиумската писменост, но и во однос на политичката писменост на граѓаните. Мислам дека институциите треба  во овој правец систематски да пристапуваат, не со периодични проекти, порачува Незири.

Ако читателот сака да биде добро информиран, треба да научи како тоа да го постигне. Има многу невладини кои спроведуваат обуки, и кои имаат видео водичи објавени на интернет, со кои ги подучуваат луѓето, медиумските консументи, како да препознаат лажна вест. Според мене, најважно е да се убеди граѓанинот, дека тој мора да има потврдена вистинска вест, исто како да тргнете кон некоја далечна дестинација, и некој да ви дава погрешни насоки каде се наоѓа тоа место. Ќе кружите низ цел свет, и никогаш нема да стигнете таму каде што сакате. Целта на лажните вести е да ве пренасочуваат кон нивната цел, којашто не е компатибилна со вашата цел. Еден демократски систем, не може да функционира без квалитетни информации, ако немате информации што прави Владата, партиите, градоначалниците, не можете да формирате став за кого ќе гласате во наредните избори. И затоа, точните и вистинските информации се многу важни, порача Незири.

Разговорот го водеше Дијана Тахири

Камера и монтажа: Ариан Мехмети

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ