• Latest
Џелал Незири
Фото: Ариан Мехмети, ЦИВИЛ

Незири во интервју за ЦИВИЛ за клучните геополитички и локални предизвици – остро и директно

October 1, 2025
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Незири во интервју за ЦИВИЛ за клучните геополитички и локални предизвици – остро и директно

October 1, 2025 13:14
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗБОРИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Џелал Незири
Фото: Ариан Мехмети, ЦИВИЛ

Џелал Незири Фото: Ариан Мехмети, ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Руската пропаганда во македонските медиуми, наративите против интеграцијата во ЕУ во политичките кампуси на земјата, замената на локалните прашања со национални во кампањата за локалните избори, се темите за кои разговаравме со политичкиот аналитичар и раководител на Институтот БИРЦ, Џелал Незири, во интервју за ЦивилМедиа.

„Руската пропаганда може да се открие во одредени наративи што медиумите сакаат да ги изградат, тие поедноставени прикази за сложената ситуација таму, ако видите или прочитате статии, анализи или вести што велат дека Украина била и треба да биде дел од Русија, Украина била дел од Советскиот Сојуз, самата Русија е основана во Украина, и ако видите дека улогата на Москва, на Путин, е издигната на пан-словенска улога, улога што треба да биде заштитна, кон сите Словени што живеат во светот, тогаш дефинитивно се работи за медиуми што ги градат тие наративи.

Тука не се работи за фолклорни аспекти или аспекти што произлегуваат од лажни вести, туку се работи за суверена држава која има право да ја одреди својата стратешка ориентација, а тоа е она што го направи Украина кога се обиде да го потпише Договорот за стабилизација и асоцијација со Европската Унија во 2013 година, но не успеа во тоа, и се стреми да се интегрира во ЕУ, и не успева во тоа, иако сега има статус на земја-кандидат, а исто така се стреми да се интегрира во НАТО.

Значи, тоа е суверена држава која не се наоѓа во таа сфера на интерес на Русија, ниту во тој дел од геополитиката на светот, туку се гледа себеси во другиот дел, во западната геополитика, која ја сочинуваат ЕУ и НАТО.“

Незири понатаму вели дека на овој начин треба да се дефинира и дешифрира кој е во право – агресорот, кој никогаш не може да биде во право, или оние кои имаат обврска да ја бранат својата земја.

Во врска со наративите и пропагандата што тајно продираат во медиумите, како и во двата политички блока во Северна Македонија – македонскиот и албанскиот, Незири оценува дека во албанскиот политички блок, главен столб и главна цел е евроатлантската интеграција – ЕУ и НАТО, уште од основањето на првите политички партии од албанскиот кампус, и нагласува поврзаност на Албанците воопшто со Западот, како колективно сеќавање на коректноста и помошта на Западот кон Албанците, во смисла на задоволување на потребите на еден народ што е послаб.

Незири прави паралела помеѓу чувството на блискост на Македонците и Албанците, кога станува збор за Русија, ЕУ, НАТО и земјите од Истокот.

„Ако погледнеме кон македонскиот политички блок во земјата, можеме да видиме посложен пејзаж. Тука се справуваме и со близината, или културната, црковната, јазичната, историската сличност на етничките Македонци со она што денес се нарекува Русија. Сепак, тоа имало различни форми низ историјата. Исто така, во Бугарија постои многу голема поделба помеѓу оние кои се проруски и прозападни, иако Бугарија е дел од НАТО и ЕУ. Српскиот народ исто така има иста историска меморија. Сите овие се важни фактори во тоа какви се позиционира народот денес, со таа голема поделба што се случува помеѓу Истокот и Западот.

 И кај Албанците имаме таква поделба кога станува збор за близината со Турција, или културната, религиозната близина со Турција и земјите од Истокот, постои и категорија на луѓе кои се против интеграцијата во ЕУ, но не и против НАТО“, вели Незири.

Додавајќи дека овој тренд, расте кај Македонците, а и кај дел од етничките Албанци, како и дека постојат политички партии кои ги хранат овие наративи, преку медиумите што ги контролираат. Кога станува збор за локалните избори што треба да се одржат во октомври, кампањата на кандидатите што се кандидираат за градоначалник и нивните програми, Незири вели дека се чини дека им одговара на сите партии дебатата да се префрли од локалните на големите национални прашања.

„Искрено, изненаден сум како СДСМ, партија што доживеа тежок пораз на последните избори, може да издаде резолуција за проблемот со Бугарија, токму во пресрет на изборите. Предлага тема што всушност е тема што повеќе ѝ одговара на ВМРО-ДПМНЕ. На оваа тема, ВМРО-ДПМНЕ е позната по одбивањето да ги спроведе договорите со Бугарија.

И во пресрет на изборите, наместо да се дискутира за катастрофалното прашање во Градот Скопјe како општина, но и во општините Куманово, Охрид и други поголеми општини, каде што ништо не функционира, од градскиот транспорт до прашањето за собирање отпад, ниту самите кандидати не дале никаква визија како да се решат тие проблеми и што треба да направат за општината да изгледа подобро отколку што беше“, вели меѓу другото Џелал Незири.

„Знаеме дека градоначалничката на Градот Скопјe не падна од небо, таа не е градоначалничка која сама победила, таа беше политички производ на ВМРО-ДПМНЕ. И ние како граѓани не сме заинтересирани за нивните внатрешни конфликти. Можеме да заклучиме дека ВМРО-ДПМНЕ предложи многу лош кандидат. И како локална самоуправа, не успеа да исполни ниту минимум од ветувањата што ги даде. И токму тука мислев дека ќе се одвива битката на опозицијата.“

Со Џелал Незири, ја отворивме и темата за превртување на тезата, или заменување на локалните прашања со национални во пресрет на локалните избори.

Борејќи се за форма, ја заборавивме содржината, вели Незири за големите национални прашања за кои политичарите континуирано ги држат граѓаните како заложници, презентирајќи површна форма, на штета на содржината.

Затоа, се наоѓаме во ситуација каде што општините со етничко албанско мнозинство се во полоша состојба од сите други општини, смета тој.

На прашањето каде е вината за тешката состојба на општините со албанско мнозинство, Незири вели дека тоа се должи на практиките инсталирани од 1990-тите.

Инсталирани се практики каде што ако политичка партија победи во општина, таа општина ѝ припаѓа на таа партија. Бастион, имот, вилает на таа партија. И практично, таа партија го смета тоа така, како вилает каде што може да прави што сака, вели Незири меѓу другото.

Разговорот го водеше: Дијана Тахири – ЦИВИЛ

Камера, монтажа и фотографија: Ариан Мехмети


Оваа содржина е дел од проектот Демократски навигатор, поддржан од МНР на Федерална Република Германија. 
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ