Во рамки на проектот „New Ways“ на Младинскиот оркестар на Западен Балкан (Western Balkans Youth Orchestra) во Музејот на македонската борба, Скопје се одржа концерт под диригентската палка на Харлен Николи и Фуад Шекиќ, а Десар Сулејамни на пијано заедно со гудачки оркестар. Концертот беше дел од „Градење мостови во Западен Балкан“, додека под насловот „Playing the future“ се одржа концерт во Нови Сад на 9 мај, денот на Европа, а се планираат концерти во Приштина, Мостар, Котор. Во август започнува и турнејата во Германија.
Младинскиот оркестар на Западен Балкан е основан во 2019 година како платформа за соработка на млади професионални музичари од 6 земји од Западен Балкан кои не се членки на ЕУ (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија). Тие се среќаваат еднаш или двапати годишно на различни локации во Западен Балкан На почетокот на секоја работна фаза, индивидуална и секциска обука под водство на ветерани оркестарски музичари од ЕУ и од Западен Балкан ги подготвуваат младите музичари за нивните улоги во оркестарот.
„Правењето музика ги зближува луѓето. Ова природно се однесува и на младите музичари од Западен Балкан, каде мирната соработка преку границите и етничките поделби остануваат проблем по распадот на поранешна Југославија пред околу 25 години“, е иницијалната точка на работата на Младинскиот оркестар на Западен Балкан.