пишува: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
Познато е, г. Заев, зошто токму Тебе, толку многу Ти смета што Ел Чека ги објавува бомбите за дуистите, кои Ти своевремено од јавноста, за да ги оствариш Твоите цели, ги скри, додека ним, за да ги правиш ранливи, им ги покажа.
Не е непознато, г. Заев, уште од минатото, дека ранливите и до гроб верните Албанци, како коалициони партнери во власта, се многу поприфатливи.
Не е вистина, г. Заев, дека „бомбите“ на Ел Чека се разликуваат од Твоите. Има во нив криминал и корупција колку сакаш, само што има и неморал.
Крајно нејасно, да не кажам и апсурдно е, премиерот Заев да бара од Ел Чека да објави „бомби“ и за него, затоа што објавува за Али. Зошто не ја исклучува можноста тој и да нема „бомби“ за него? Вака испаѓа како да е сигурен оти има. Од каде и зошто пак толку загрижен токму за Али, а не и за некој друг?
Заев повеќе треба да биде загрижен за содржината на разговорите, каде со грди зборови се опишуваат уште погрди дела и никој не ги негира, туку ги игнорираат.
Заев е згрозен од тоа што Ел Чека објавува “бомби” за Али, ние сме згрозени од тоа што од “бомбите” слушаме што Али зборува.
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.