Владата на Нигерија преговара со исламстичката група „Боко Харам“ за примирје, а разговорите се одвиваат извесно време, изјави денеска нигерискиот министер за информации Лаи Мохаме.
– Непознато за многумина, но ние сме во преговори за примирје со бунтовниците веќе некое време”, изјави тој.
Изјавата следува откако беа ослободени девојчињата киднапирани од „Боко Харам“.
Ученичките кои во февруари беа киднапирани во североисточниот нигериски град Дапчи, денеска се вратија кај своите семејства.
Денеска околу 14:30 часот, 105-те девојки пристигнаа во Дапчи со пет автобуси, придружувани од нигериската армија, а ги пречекаа нивните родители.
Претходно неделава „Боко Харам“ одлучи да ги ослободи ученичките и дозволи тие да бидат вратени во своите домови.
Извор: МИА