• Latest

„Никола Младенов“ за истражувачката сторија за смртта на Коста Крпач

March 7, 2017

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Москва и Пекинг: Турбулентна историја на сојузништва, ривалства и конфликти

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и битка за секој глас – регистрирани 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026
СЛОБОДА | 23 октомври 2026 (фото извор: ФБ профил на претседателот на Украина, Володимир Зеленски)

По години заробеништво, враќање дома: Украина пречека 270 ослободени, рускиот терор продолжува

October 23, 2026
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Никола Младенов“ за истражувачката сторија за смртта на Коста Крпач

March 7, 2017 16:04
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Првото место на годинешниот конкурс на Македонски институт за медиуми, за новинарскатата награда „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија, ја добија новинарите Миомир Серафиновиќ и Снежана Лупевска-Созен.

Победничката сторија, е објавена во емисијата „Код“ на ТВ Телма, во која се  истражуваа околностите за мистериозната смрт на Коста Крпач, сведок на Специјалното обвинителство и едно од аболицираните лица од претседателот Ѓорѓе Иванов. Сторијата обелодени детали и моменти поврзани со трагичниот настан коишто подоцна се потврдија во истрагата, која сè уште трае, иако Јавното обвинителство процени дека станува збор за самоубиство.

Втората награда ја доби Зоран Јованоски за видео-сторијата „Пеплиште на смртта“, објавена во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат-М. Сторијата ги открива застрашувачките последици по здравјето на луѓето и на животната средина, предизвикани од работењето на термоцентралата „Осломеј“, во време кога државата најавува дека ќе го продолжи нејзиниот животен век.

Третонаградена е новинарка во неделникот „Фокус“, Ирена Мулачка, за серијалот текстови кои обелоденија застрашувачки податоци за смртта на 80 новороденчиња за само шест месеци, на скопската Клиника за гинекологија .

Годинава жири-комисијата реши да им додели пофалници за истакнат новинарски ангажман на новинарите Владо Апостолов за сториите „Дамки врз тендерот за чистење на Владата“, „Како жолтата зграда прерасна во неокласичен дворец“, „Гласачи живеат во Свети Николе, ама на скопски адреси“ и  серијалот истражувања за „Имотот на Владимир Здравев“, објавени на интернет-порталот „Призма“, како и на Стојанка Митреска за сторијата „Печуркарата во Свети Николе мувлоса предвреме“, исто така, објавена на интернет-порталот „Призма“.

Оваа година, МИМ по 16-ти пат ја додели наградата за најдобра истражувачка сторија на годината, како дел од заложбите за унапредување на професионалното новинарство и на демократските вредности во земјава.

 

Tags: Зоран ЈованоскиИрена Мулачкаистражувачка сторијаМИММиомир СерафиновиќнаградиСнежана Лупевска Созен
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ