„Обративме внимание на изјавата на Портпаролката на Белата куќа за потребата Украина да спроведе реформи за да ги исполни стандардите на НАТО пред да влезе во Алијансата. САД се водечки сојузник на Украина во спротивставувањето на вооружената агресија на русија. Ние сме им исклучително благодарни на сите Американци кои ја поддржуваат Украина. Покрај Украина, во моментов нема друга земја во светот која би извршила толкава количина на реформи во услови на војна од големи размери на нејзина територија. Фундаменталните внатрешни трансформации во Украина неизбежно ќе продолжат. Во исто време, сметаме дека една реформа во светот останува недовршена. Тоа е односот на Западот кон улогата на Русија во евроатлантската безбедносна архитектура“, истакнува портпаролот на Министерството за надворешни работи на Украина Олег Николенко.
– Штом нашите партнери ќе го разгледаат прашањето за членството на Украина во НАТО без да гледаат назад во Москва, ќе стане очигледно дека обезбедување на покана за членство на Украина во Алијансата веќе во оваа фаза одговара на безбедносните интереси на сојузниците, ќе стане важен чекор за враќање на мирот во Украина и Европа воопшто и спречување на повторување на руската агресија во иднина, нагласува портпаролот на министерството за надворешни работи на Украина.