• Latest

Николовска: Нашата цел е да ја надминеме системската корупција

July 9, 2020

Мицкоски: Подметнувањето пожари ќе се оквалификува како тероризам, итно да се преземат законски измени

September 16, 2025

(ВИДЕО) ☕ ДУПЛО ЕСПРЕСО: Руските воени провокации во Полска, убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк, дипломатскиот скандал со рускиот амбасадор во земјава и други стории

September 16, 2025

Мустафа и Салиу за ЦИВИЛ: Не ја слушнавме изјавата на Ангелов за селењето на Ромите од Вардариште

September 16, 2025
Руските власти започнаа со инспекција на возила по пријавените експлозии на 16 септември 2025 година. Фото: ХУР

„Операцијата за одмазда“ на Украина во руски Владивосток го погоди 47-от Воздушно-десантен баталјон обвинет за воени злосторства

September 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Истражна комисија на ОН: Израел извршил геноцид врз Палестинците во Газа

September 16, 2025

Стојанче Ангелов „по кратка постапка и на сила ќе ги сели Ромите од Вардариште“ – Шукова со реакција: Ова е врв на нечовечноста и го открива вистинското лице на оваа власт

September 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CNBC Television

Бесент: Европа мора „да го направи својот дел сега“ пред САД да воведат царини за Кина поради руската нафта

September 16, 2025

ВЛЕН: Државен приоритет на Меџити и Фетаи е да ја затворат дивата депонија во Никуштак

September 16, 2025
Фото: Скринчот од видео на Влада на Северна Македонија/ Фејсбук

По признанието на Тошковски дека нема центри на моќ зад пожарите, од СДСМ бараат Мицкоски да одговара за ширење страв и паника

September 16, 2025

Ужас во Велес: Ја убил поранешната девојка и татко ѝ, па се самоубил

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Николовска: Нашата цел е да ја надминеме системската корупција

July 9, 2020 16:24
in ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ИЗБОРИ, ИНТЕРВЈУ
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ Медиа разговараше со претседателката на Државната комисија за спречување корупција и судир на интереси, Катица Николовска, на тема политичко финансирање, политичка корупција, активностите на ДКСК во предизборниот период…

ЦИВИЛ Медиа: Какви се последиците од политичката корупција?

Николовска: Мислам дека ефектот, менување закони со цел обезбедување или бенефиции на одредени целни групи, на пример во бизнис секторот, да речеме честопати менување закон за јавни набавки, за да може да се прилагодат потребите одредена заедница да добие подобри бенефиции како што на пример беше посебен дел во законот за јавни набавки за регулирање на набавките на лекови. Сега во последно време имаме посебен закон за одбрана, за набавка на потребите на одбраната, којшто нормално  е усогласен со директивите на европската унија, меѓутоа на некој начин ќе ги канализира потребите за набавка на армијата. Изборните ветувања се манифестираат понатаму и преку вработувања. Значи сите оние активисти кои се на политички партии, имаат цел да си обезбедат своја егзистенција, а таа егзистенција најчесто  се наоѓа во институциите во коишто политичката партија има свој претставник или директор, или министер и така натаму, и на тој начин пак се менуваат законите коишто го регулираат вработувањето се создаваат услови за вработување по нерамноправен принцип, по нееднаква основа , се фаворизираат одредени кандидати итн., и повторно се соочуваме со системска корупција.

ЦИВИЛ Медиа: Во контекст на актуелните законски решенија дали постои простор за корупција во изборниот процес, односно во финансирањето на политичките кампањи, со оглед на тоа дека вие веќе објаснивте како се финансираат политичките партии?

Николовска: Постојат. Секогаш постои таква можност бидејќи средствата коишто партиите ги добиваат од буџетот не секогаш им овозможуваат да ги остварат, презентираат  своите идеи во текот на предизборната кампања, така што и нашите закони дозволуваат партиите да се финансираат од донации. На тој начин, било да се донациите од физички лица, секој за возврат очекува да добие откога партијата ќе ја освои власта. Така што, понатамошното функционирање на самата партија, може да придонесе кон злоупотреба, кон користење, фаворизирање на одредена група, на лица, да имаат подобри можности за напредување во системот, отколку некои други лица, други состојби…

ЦИВИЛ Медиа: Дали веќе е забележана одредена политичка корупција откако започна изборната кампања?

Николовска: Па не би можела да кажам коруптивни активности. Најчесто предизборната кампања се поврзува со давање пари коишто понатаму би можеле да се користат за купување гласови, меѓутоа ние не сме во таква можност да можеме да го следиме тоа, освен ако некој е снимен на видео или на аудио запис, како што сега се јавуваат овие аудио снимки, така што не би можела да кажам дали сега во овој период постои такво нешто.

ЦИВИЛ Медиа: Кои се активностите на ДКСК во предизборниот период во однос на мониторингот на корупцијата, односно на политичката корупција?

Николовска: За првпат оваа година, нормално, претходно ги обезбедивме можностите со измените во Изборниот законик, Државната комисија за спречување корупција има директен увид во  прометот на трансакциските сметки на политичките партии коишто учествуваат во оваа изборна кампања. Што значи тоа? Тоа значи дека секојдневно, ние можеме да имаме увид кој колку донирал, за која партија, кое физичко лице, име, презиме, податоци, правен субјект, која фирма донирала, дали е тоа во износот на законски предвидените лимити, дали донирал на една партија или на друга, итн. Меѓутоа, ова е со цел да се спречи барем донекаде оној изборен поткуп, или корупција во изборниот процес, за да видиме дали, на пример, лицето коешто донирало средства има доволно пари, располага со доволно финансиски средства, пред се дали е вработено, дали е корисник на социјална помош,  како што беше случајот во претходниот изборен процес, за да може да донира три илјади евра, или најмногу три илјади евра. Правното лице, понатаму ние ќе анализираме дали тоа правно лице се јавувало како добавувач на некоја државна институција каде што актуелната власт има свој раководител, има свој претставник, понатаму, откога ќе заврши изборниот процес, кога ќе се сложат коцките, кога ќе се види кој што ќе освои, на што ќе биде одговорен, дали понатаму во таа институција ќе се појави како главен добавувач на одредени работи, согласно законот за јавни набавки. Така што можностите се тука. Ние сега ги поставуваме основите, ги прибираме најосновните податоци коишто понатаму ќе ни служат како можност за да видиме дали во текот на изборниот процес постоела корупција.

ЦИВИЛ Медиа: Што можат да направат граѓанките и граѓаните и организациите на граѓанското општество во текот на изборниот процес, за да помогнат во спречување на изборната, односно политичката корупција?

Николовска: Ние минатата година за прв пат, и оваа година, го користиме регистарот на службени моторни возила, лани го користевме за прв пат бидејќи тогаш беше воспоставен во антикорупциската комисија. Тоа е регистар на возила со којшто располагаат сите јавни институции, државни органи, јавни претпријатија, акционерски друштва коишто Владата или единиците на локалната самоуправа ги имаат основано, целта е било кој да може, еве сега во текот на изборниот процес знаеме дека користењето на службените моторни возила е забрането, граѓаните можат да следат, да забележат, и доколку видат такви моменти, со проверка на регистарската табличка во регистарот, може да проверат дали тоа возило е на одредена институција или не е, и преку формата пријава, којашто исто така е достапна на нашата веб страница како алатка, може да пријават, да забележат, да нотираат, да достават електронски или по пошта, или да дојдат лично кај нас долу во архивата да ја поднесат пријавата, а понатаму ние во согласност со нашите ингеренции можеме, и ќе преземеме мерки  и одредени активности за изрекување санкции  кон лицето и прекршителот.

ЦИВИЛ Медиа: Од оваа година имате и ваши набљудувачи. Ќе можете ли малку да ни објасните како дојде до тој процес и што е всушност нивната главна задача?

Николовска: Имајќи во предвид дека корона вирусот го смени начинот на водење кампања, досега нели беше повеќе со митинзи, со многу народ, со шетање од една во друга општина, оваа година, пред се, кампањата ќе се води преку медиумите, телевизии, реклами , радија, портали и така натаму, но и преку билбордите, коишто се доста видливи и се лесен начин на истакнување на своите политички кандидати и политички опции. За таа цел, ДКСК оваа година со помош на меѓународна организација којашто ја финансира оваа активност, обезбедивме 17 набљудувачи, првенствено беше планирано дваесет, но не успеавме да обезбедиме масовност. 17 набљудувачи се распоредени низ сите изборни единици, и имаат одделно добиено неколку градови коишто треба да ги набљудуваат. Нивното набљудување опфаќа набљудување и забележување на сите локации на билборди коишто се ставени на територија на општината, плакати, разни флаери, рекламни материјали коишто ги делат партиите, ќеси, маски, блузи, капи, маици итн.. Да забележуваат дали на локалните радија има политичко рекламирање од  медиуми коишто не се регистрирани во Државната изборна комисија, и она што е за нас интересно, лоцирање на политички штабови по општините. Зошто ни е ова битно? За сите овие рекламирања се потребни пари. За билборди се трошат пари, за штабови, за закупи, за едно за друго, се трошат пари. Колку повеќе ќе имаме податоци за што се потрошени парите, толку повеќе ќе ни требаат податоци дека тие средства се обезбедени. Оттука ќе видиме дали тие средства се обезбедени преку редовните финансирања, преку донации, преку сите оние извори коишто се дозволени во изборниот законик, се доволни за да го обезбедат тоа платено политичко рекламирање. Така што, целта ни е преку трошоците да ги следиме реалните и регуларните извори на финансирање на политичките партии. Ако успееме во тоа, ќе успееме да ја спречиме корупцијата во текот на изборните кампањи.

Обработка на текст: Дијана Тахири

Биљана Јордановска

камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети

Print Friendly, PDF & Email
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ