• Latest

Николовски и Спасовски со пораки за Меѓународниот ден за борба против корупцијата

December 9, 2021
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home (АНТИ)КОРУПЦИЈА

Николовски и Спасовски со пораки за Меѓународниот ден за борба против корупцијата

December 9, 2021 11:11
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Корупцијата влијае на општествениот, политичкиот и економскиот развој на цели народи. И развиените и неразвиените земји се ранливи на корупција, а таа е најголема, таму каде што демократските вредности се слаби.

Ова го објави заменик-претседателот на Владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски на неговиот фејсбук профил денеска по повод одбележувањето на 9 декември – Меѓународниот ден за борба против корупција.

Фото: Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски

– Меѓународниот ден за борба против корупцијата е ден кога владите, стопанството, граѓанските организации и целото општество треба да ја потврдат својата посветеност да работат заедно за да стават крај на разорното влијание на корупцијата врз животите на луѓето, напиша Николовски.

Вицепремиерот Николовски потенцира дека корупцијата е закана за функционирањетo на системот, владеењето на правото, за буџетот, за економскиот развој и најважно, за животниот стандард на граѓаните во секоја држава.

– Да ставиме крај на корупцијата! Да создадеме подобро утре за сите нас. Да го симнеме превезот на тајноста и да ги расветлиме криминалните дејности! Само така ќе има правда!Сега се е јавно! Корупцијата не се исплати! Твое право, твоја должност: Кажи НЕ за корупција! , порачува Николовски преку  неговиот ФБ профил.

Оливер Спасовски / фото: Б. Јордановска

И министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска на неговиот Фејсбук профил се огласи по повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата.

– Денеска, одбележувајќи го Меѓународниот ден за борба против корупцијата, со донесен План за борба против корупција, кој обилува со мерки кои како институции веќе ги имплементираме, со Кабинет на Заменик на претседателот на Владата за борба против корупцијата, како главна точка на поврзување на сите антикорупциски институции, со право можеме да кажеме дека – ставајќи ја борбата со корупцијата меѓу врвните приоритети на оваа Влада, покажавме дека тоа не е само начин на добро владеење.

– Борбата со корупцијата е најсилната алатка за самоодбрана на една држава, чин на вистински патриотизам!, објави Спасовски.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ