• Latest

Николовски: Ја следиме состојбата со застојот со откупот на лубеници во Струмичко

June 30, 2018

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Николовски: Ја следиме состојбата со застојот со откупот на лубеници во Струмичко

June 30, 2018 15:54
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја следи состојбата со застојот  во откупот на лубениците, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

– Нашите екипи се постојано на терен како што беше претходните недели кога имаше проблем со откупот на доматите и како што е познато Владата во вторникот  донесе одлука за вкупна дополнителна субвенција од седум денари од предаден килограм домати во преработувачките капацитети, рече министерот Николовски, одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на Струмица.

Тој најави дека неделава ќе разговараат за проблемите со кои се соочуваат земјоделците во Струмичко и како и лани ќе стојат на располагање за да ги имаат сите анализи и податоци и ќе донесат соодветни мерки и навреме ќе се реагира.

На новинарско прашање за штетите на посевите од временските неприлики и дали Министерството има податоци колку земјоделците ги осигуруваат посевите, министерот Николовски рече дека осигурувањето е посебна тема на која Министерството е фокусирано и има среднорочна и долгорочна стратегија, кои се презентирани пред земјоделците и осигурителните компании.

Николовски смета дека земјоделците се демотивирани да ги осигуруваат посевите и покрај тоа што државата им обезбедува  финансирање од 60 отсто учество во осигурувањето.

– Земјоделците се демотивирани заради самите постапки и несигурноста и затоа министерството влезе во интензивни разговоравме со штедилниците, банките и со осигурителните компании во овој дел за да ги олесниме процедурите,  наведе Николовски.

Како што дополни, од следната година ќе се користат финансиските инструменти за дополнителна поддршка која ќе доаѓа преку  реосигурителната компанија „Европа Ере“ која е формирана на регионално ниво, а во која има основачки влог Владата.

– Тоа значи дека земјоделците ќе добиваат дополнително обештетување во сите региони каде приносот ќе падне под одредена граница. Трета мерка која се разгледува е системот на воведување на сосема нов автоматизиран компјутерски центар и мапирање на сите точки во државата каде треба да инсталираме антиградобијна опрема, истакна министерот Николовски.

Според него, експертите лоцирале вкупно 181 точка каде треба да ги има тие системи и техничката документација за нив е подготвена. Паралелно со тоа од страна на ресорното Министерство се инсталирани три агрометереолошки станици во Струмица, Кочани и Градско,  а следната година ќе се зголеми нивниот број.

Министерот Николовски потсети и дека е завршена поправката на Радарскиот систем во Ѓуриште и заедно со системот во Тополчани преку мобилна апликација на сите земјоделци ќе им даваат сосема точен преглед за временската состојба.

Тој информираше дека до денеска се исплатени 4,5 милиони евра за штетите предизвикани од невреме во минатата година и е направена проценка на поднесените 17.800 барања, а преостанатите, помалку од десет проценти од средствата, ќе бидат исплатени на почетокот на идната недела. (МИА)

Tags: лубенициЉупчо НиколовскиМинистерство за земјоделствоСтрумица
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ