• Latest

Николовски на специјалната сесија на ООН за борба против корупција: Корупцијата и криминалот не познаваат граници, мора да бидеме единствени во заложбите, да изградиме подобар свет за сите нас

June 3, 2021
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николовски на специјалната сесија на ООН за борба против корупција: Корупцијата и криминалот не познаваат граници, мора да бидеме единствени во заложбите, да изградиме подобар свет за сите нас

June 3, 2021 11:09
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денес, заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, имаше свое видео обраќање на посебната седница на Генералното собрание на Организацијата на Обединети Нации против корупција – 2021, на којашто учествуваа земјите – потписнички на Конвенцијата против корупција на Обединетите нации.

Република Северна Македонија во 2007 година ја ратификуваше Конвенцијата на Обединети нации против корупцијата, и нејзините одредби станаа составен дел од правниот поредок на Северна Македонија. Вицепремиерот Николовски, во своето видео обраќање посочи дека врвен приоритет на Владата на Република Северна Македонија е борбата против корупцијата, што јасно ја докажа со воведувањето на нова функција во Владата, заменик на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси.

„Борбата против корупцијата е клучен приоритет во владината рамка „Акција 21“, и тоа е резултат на нашата силна определба за воведување на систем кој генерира и испорачува правда, правна држава,  ред и поредок. Нашата политичка волја и напори за спречување на корупцијата е јасна и недвосмислена. Преку спроведување и имплементација на Конвенцијата на Обединети Нации против корупцијата, како и преку Планот на Владата за борба против корупција, создаваме општество во кое нема да има место за корупција, општество во кое се почитува правото и заштитата на човековите права за секој граѓанин. И тоа е нашиот влог во иднината, за подобар живот и за просперитетна држава со силни институции.

Корупцијата и криминалот не познаваат граници, мора да бидеме единствени во заложбите кои ги преземаме на  Генералното собрание на Обединети Нации, а кои се пренесуваат во целиот свет. Ова е заедничка инвестиција, со која ќе изградиме подобар свет за сите нас“, посочи вицепремиерот Николовски.

При тоа, Николовски потенцираше дека Северна Македонија за прв пат донесе План за борба против корупцијата, составен од системски мерки, за длабоки реформи во општеството, кој се заснова на неколку столба – дигитализација, механизми за проверка на имот и капитал, конфискација на нелегално стекнат имот, транспарентност, подигање на свеста на граѓаните за пријавување корупција, високо ниво на интегритет и етички стандарди за носителите на јавни функции.

Вицепремиерот Николовски во своето видео обраќање на посебната седница на Генералното собрание на Организацијата на Обединети Нации против корупција – 2021, потенцираше дека Конвенцијата на ООН против корупција, испраќа јасна порака, дека целата меѓународна заедница е одлучна да води бескомпромисна борба против корупцијата.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ