• Latest

Николовски: Со Новата Стратегија за зајакнување на капацитетите за финансиски истраги и конфискација на имот ги зајакнуваме институционалните капацитети за водење финансиските истраги и конфискација на имот

July 21, 2021
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Николовски: Со Новата Стратегија за зајакнување на капацитетите за финансиски истраги и конфискација на имот ги зајакнуваме институционалните капацитети за водење финансиските истраги и конфискација на имот

July 21, 2021 15:19
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Новата Стратегија за зајакнување на капацитетите за финансиски истраги и конфискација на имот предвидува потикнување на проактивноста на институциите вклучени во финансиските истраги, со што се овозможува водење на финансиска истрага паралелно со криминалистичката истрага, потенцираше заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, на денешната промоција на Стратегијата.

„Ова е чекор напред во мобилизацијата на општествените ресурси, надградба на државниот систем и градење на посилни капацитети, кои се дел од виталните реформи за подигнување на јавната свест. Ова е чекор за враќање на довербата во функционалноста на институциите за борба против високата корупција и организираниот криминал. Со активностите од новата Национална Стратегија, се елиминираат ризиците од прикривање, распродажба или изнесување на противправно стекнатиот имот надвор од државата“, рече вицеремиерот Николовски.

При тоа Николовски посочи, дека дел од мерките во владиниот План за борба против корупција, се значајни за ефикасна имплементација на активностите од Националната Стратегија.

„Една од клучните мерки во Планот е дигитализацијата на процесите, односно поврзувањето на надлежните институции на платформата за Интероперабилност, со која се зајакнува оперативноста на институциите, нивната електронска поврзаност и навремената размена на податоци. Сите седум клучни антикорупциски надлежни институции се веќе поврзани на Интероперабилноста и веќе започнуваат со размена на информации и податоци преку оваа платформа. Во следната фаза, следува и поврзување на овие институции со Централниот регистар на население,  со цел брзи и ефикасни постапки, изјави вицепремиерот Николовски додавајќи дека Владата согласно Планот за борба против корупција, донесе одлука за зајакнување на капацитетите на јавните обвинителства во државата, а паралелно, водејќи се од принципите на заштита на националниот имот, како и на државниот буџет, во фаза на подготовка е и предлог Закон за потекло на имот, нешто што за прв пат го добива нашата држава.

На денешната промоција на новата Стратегија за зајакнување на капацитетите за финансиски истраги и конфискација на имот, учествуваа и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески, директорката на Управа за јавни приходи Сања Лукаревска и  директорот на Управа за финансиска полиција Арафат Муареми.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, ги презентираше надлежностите на МВР поврзани со активностите што произлегуваат од новата Национална Стратегија, и посочи дека имплементацијата на наведената стратегија ќе придонесе кривичните истраги да резултираат со поголема конфискација на имот и имотна корист, со што ќе се зајакне и ефикасноста во борбата против организираниот криминал и корупцијата. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески, изјави дека Стратегијата и Акцискиот план се важен исчекор во борбата против криминалот и се очекува да придонесат за зајакнување на координацијата помеѓу надлежните институции за водење на финансиските истраги.

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска појасни дека УЈП како неопходен орган во алката на спроведувањето на финансиските истраги ќе биде дел од Националната комисија за следење на имплементацијата на Стратегијата и Акциските планови, како и дел од  мулти-агенциски тимови кои ќе вршат координирана заедничка работа на сложени предмети со претставници од повеќе институции координирани од ОЈО.

Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми, изјави дека  Управата е доста активна во преземањето на дејствија во врска со финансиските истраги без оглед дали се работи за спроведени финансиски истраги по сопствена иницијатива, или по барање на надлежно Јавно обвинителство или други институции кои посочуваат постоење на основи на симневање за сторено кривично дело.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ