„Короната зададе огромен удар врз културата, но прашањето дали културата е мртва одговорот е децидно – не. Се соочивме со многу проблеми еден од најглавните беше пандемијата и корона во културата. Затекнавме нереализирани проекти, од март беа застанати, за среќа можам да кажам и покрај промената на Владата и министрите самите уметници и националните установи го искористија многу добро летото и отворениот простор и оргазнизираа многу настани и покрија дел од програмата“, истакна Јасмина Никуљска од Министерство за култура на панел дискусијата „Општеството во пандемија, изведувачките уметности на раб на опстанокот“ во организација на ЦИВИЛ.
„Летото со големи вложувања беа организирани многу настани, како Охридско лето, Струшки вечери на поезијата, Синедејс, Скопскиот џез фестивал, со огромни напори оствари дел од програмата, да собере публика.
Сето тоа беше остварување на дел од програмата од кое министриството имаше дадено средства, многу од проектите не се реализираа, бидејќи немавме протоколи за одржување на настани во затворени простори.
Во текот на летото институциите отворија јутуб канали за да го анимираат народотот и да им покажат дека културата сè уште живее.
Со оние проекти кои не се успеа да се направи ниту затворена премиера, ниту делумна отворена, средствата беа пренаменети за материјални трошоци на тие установи, поради невозможноста да ги остварат со публика овие настани, успеавме да ја изневилиравме во некоја мерка таа неубава ситуација во која тие се најдоа.
Во сите земји низ историјата кога се наоѓале во кризи, пандемии, чуми, културните дејци биле тие што како феникс изникнувале, создавале и успеале да го одржат духот на народот“, истакна Никуљска.