Во својство на сведок, во согласност со Резолуцијата 817 (1993) и Резолуцијата 845 (1993) на Советот за безбедност на ОН, долгогодишниот посредник за решавање на спорот со името и специјален пратеник на ОН, Метју Нимиц, ја потпиша македонско-грчката спогодба за решавање на деценискиот спор меѓу двете земји.
Тој денеска е ведар и насмеан, во добро расположение. Неговото посредништво меѓу двете земји во спорот трае речиси четвртина век, од 1994 година.