Од денеска во Скопје престојува Метју Нимиц, специјален претставник на ОН во разговорите за решавање на спорот со името меѓу Македонија и Грција. Во својот четиридневен престој во Скопје, Нимиц ќе ја анализа подготвеноста на македонскиот државен врв за напредок на преговорите, со цел – изнаоѓање конечно, заедничко прифатливо решавање за името. Нимиц во Скопје доаѓа на покана на македонската Влада. На покана на Владата на Република Грција, предвидено е Нимиц да замине и за Атина.
Метју Нимиц се надева дека новата Влада е со нови идеи за прашањето за името и дека ќе врати вниманието кон овој, многу важен проблем. Планираната посета на двете земји е за да ја тестира подготвеноста за сериозен напредок. Но, овојпат, тој не носи нов предлог за решение на спорот.
Нимиц последен пат ги посети Македонија и Грција, пред три години, на крајот на јули 2014 година.