• Latest

Неисполнетите ветувања на градоначалникот Ристески!

May 16, 2017

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Неисполнетите ветувања на градоначалникот Ристески!

May 16, 2017 20:41
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Мандатот на градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески по закон, измина. Многу ветени проекти се незапочнати, многу се започнати, а и натаму ги следат најави дека ќе се завршат оваа, следната, по две години… Според информациите коишто доаѓаат од Општината, се менува висината на средствата што биле инвестирани или се инвестираат, во проектите што се дел од неговата Изборна програма, со којашто, по трет пат, ги освои гласовите на граѓаните во 2013-та година. Но, Ристески сепак, многу се преценил. Неоствареното остана на страниците од програмата, чекајќи следен мандат?

И не само што нема извинување пред граѓаните, за ветеното, а неоствареното, туку во популистички манир, карактеристичен за Ристески, продолжуваат и натаму, преку постојани пресови, информации од неговиот кабинет за проекти што доправа, по неговиот мандат ќе го разубавуваат Прилеп и ќе отворат нови работни места. Оти, најверојатно, малку беа овие четири години за да се исполни ветеното.

За проекти како подрачното училиште во населбата „Сточен пазар“, коешто требаше да биде готово во 2013 година, инвестицијата според последните информации, е намалена од најавените 16 милиони на 10 милиони денари. А објектот, наместо пред 4 години, сега се најавува дека ќе се стави во функција на почетокот од 2018 година, т.е. второто полугодие од следната учебна година.

Најавениот кружен тек во центарот на Прилеп, како капитален проект вреден 30 милиони денари , финансиран од буџетот на Општината, исто така, ќе остане целосно нереализиран проект. Не е изграден ниту мостот на градската река, кај куќата на Бектеш (улицата кај музичкото училиште), најавена инвестиција од 1.5 милион денари од општинскиот буџет. Но,затоа овие два проекта се два пати спомнати во Изборната програма, за да зафаќаат повеќе простор во набројувањето.

Ветената компостара, која до крајот на 2015 година со инвестиција од половина милион евра, требаше да го преработува целиот отпад, е целосно нереализиран проект, а сега има повторни најави за градба.

Во фиока ќе остане и проектот „Партерно уредување на Дабничка река“, од касарната „Мирче Ацев“ до вливот во градска река, за што беа најавувани 60 милиони денари, обезбедени со кредит од Светска банка.

Градоначалникот Ристески е познат по неостварени ветувања, и за него се синоними – градењето и уривањето фонтани и ставањето скулптури од Центарот за современа ликовна уметност во парковите во Прилеп, (патем, ЦСЛУ е присилно иселен од објектот на центарот за култура „Марко Цепенков“ од оваа власт). Така, тој не го оствари ниту ветувањето за изградба на стаклена пирамида со планетариум и 3Д кино, што ќе би се користеле за културни настани. А, според најавите Општината, со пари од граѓаните во овој проект требаше да инвестираат 20 милиони денари.

Пропаѓаат и три милиони денари, ветени за изградба на двонасочен сообраќај на булеварот „Прилепски бранители“, поранешната улица „Марксова“, која граѓаните во овој мандат на Ристески ќе ја паметат по протестите на „Шарената револуција“ и пораките „Че си лежите!“, испишани на улицата, пред влезот на Градската куќа.

Наместо нов урбан парк во населбата „Вишне“, на 7 минути од центарот на градот, и натаму стои хаосот од нечистотија, диво поставени гаражи за коишто Општината наплаќа данок, скелиња со тутун, гулабарници…

Од најавените проекти во здравството, мандатот на Ристески ќе го следат високите бројки на заболени од депресија во Прилеп. Како што информираат медицинските стручњаци и потврдуваат податоците од Центарот за јавно здравје, евидентирани се просечно, околу 300 граѓани со депресија, годишно.

Мандатот на Ристески измина. Неоствареното нема веќе време да го исполни. И денар пари од граѓаните инвестирани во градот, од денеска натаму се надвор од неговата Изборна програма. Во овој, мандат граѓаните ќе го паметат и по неговите патувања во Австралија, за наводно воспоставување стопанска соработка, ветувања кои не донесоа никаква практична инвестиција, освен товарот за неговите патни трошоци, кои граѓаните ги платија од свој џеб.

Моника Талеска

Tags: „Че си лежите“ветено-неоствареноВМРО - ДПМНЕИзборна програмаМарјан Ристескиопштински буџетпари од граѓанитеСточен пазар
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ