• Latest

Ниту еден медиум во Македонија не е под притисок на обвинителството!

March 23, 2017

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ниту еден медиум во Македонија не е под притисок на обвинителството!

March 23, 2017 15:37
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Ниту еден медиум не е под истрага до овој момент во ова јавно обвинителство, за да се зборува дека ние правиме директни притисоци врз медиумите. Ги знаете отворените истраги досега“, рече обвинителката Ленче Ристовска на денешната прес-конференција на Специјалното јавно обвинителство. Таа најостро ги демантираше тврдењата дека СЈО врши притисоци, како што обвини еден од присутните, Љупчо Златев, прекинувајќи го демонстративно, почетокот на прес-конференцијата, која ја напуштија претставниците на дел од провладините медиуми.

Златев на прес-конференцијата на СЈО

„Поради континуираниот политички притисок врз медиумите, ние одлучивме да ги спуштиме камерите и да не ги следиме вашите прес-конференции“, обвини Златев, со нескриена намера да ја дефокусира темата на прес-конференцијата на СЈО.

Според Ристовска, гестот на Златев, всушност, оневозможува дел од населението во Македонија, да биде правилно и објективно информирано за активностите на СЈО.

„СЈО работи во интерес на граѓаните и со целосно почитување на сите закони. Уште на почетокот појаснивме дека за нас, сите се еднакви пред законот и ако некој сторил кривично дело, треба да одговара. Доколку одредени лица, кои се сопственици или на друг начин се поврзани со одреден медиум, сториле кривични дела, што не се поврзани со работата на медиумите, во наш, а и во интерес на сите е, да се утврди дали навистина се направени тие кривични дела. Треба да се спроведе истрага, а наодите да покажат подоцна дали има основ за кривична одговорност“, истакна Ристовска.

СЈО за ниту едно лице од новоотворените истраги, досега не побарало мерки за обезбедување присуство, бидејќи во моментот нема таква потреба.

Помошникот министер осомничен во истрагата „Триста“, според Ристовска е осомничен и во друга истрага. Осомничените во истрагите „Тотал“ и „Тифани“ се гонат за сторено кривично дело „даночно затајување“, додека другиот дел од работењето на фирмите не е опфатен.

 

Tags: даночно затајувањеистрагиЛенче РистовскаЉупчо ЗлатевМедиумипомошник министерСЈОТифаниТоталТриста
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ