Политичките партии имаат помалку од 24 часа за поднесување приговори до Државната изборна комисија за вториот круг од локалните избори.
Освен четирите приговори од граѓани кои не биле запишани во Избирачкиот список, досега до ДИК нема ниту еден приговор иако имаше најави на некои од кандидатите за градоначалници.
Доколку ДИК добие некој приговор има рок од 48 часа да донесе одлука.
Против одлуката на ДИК, може да се поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Управиот суд на Република Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.