„Не гледам никакви промени“, „Времето ќе покаже“, „Ништо, нула“, „Исти се сите“, се најчестите одговори кои ги доби ЦИВИЛ Медиа на прашањето во анкетата по повод 100 дена работа на Владата.
„Јас ќе им ги дадам моите 12.000 плата, а тие нека ми ја дадат нивната, па да видиме!“, одговори еден од анкетираните.
„Како и сите досега. Не сум задоволна од ниту една влада досега. Треба да престанат да мислат само на себе и да почнат да мислат на граѓаните“, вели една граѓанка.
Имаше и такви граѓанки и граѓани кои се задоволни. „Супер, досега сум задоволен, нека продолжат така!“ вели еден соговорник.
Маја Ивановска
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ермин Климента