Пејачката на ирската група „Кренберис“, Долорес О`Риордан почина денеска во Лондон на 46-годишна возраст.
Публицистката Линдзи Холмс изјави дека О`Риордан починала ненадејно во Лондон, каде била на снимање. Причината за смртта засега не е позната.
Групата „Кренберис“ меѓународната слава ја стекна во 90-те години од минатиот век со хитовите како што се „Зомби“ и „Лингер“. Групата продаде повеќе од 40 милиони плочи.
Бендот престана да постои во 2003 година, но неколку години подоцна повторно се собраа.
„Кренберис“ минатата година го издаде албумот „Something Else“ и требаше да заминат на турнеја низ Европа и Северна Америка.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.
Одговорноста за редакциското опремување на текстовите (наслов, наднаслов, фотографија, тагови) е на ЦИВИЛ Медиа.