• Latest

Неопходни се промени во балканските образовни системи

April 23, 2018

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Неопходни се промени во балканските образовни системи

April 23, 2018 14:39
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На Дигиталниот Самит, кој се одржа на 18-ти и 19-ти април во Скопје, на панел дискусијата за дигиталните вештини како една од главните теми кои се обработуваа, беа дискутирани повеќе теми поврзани со дигиталните вештини, дигиталната писменост и дигиталната трансформација. 

На дебатата учествуваа 6 говорници од неколку земји, претставник од Македонија беше Валентина Тасева, претставник на Стопанска комора на Македонија и генерална директорка на Семос Едукација.

„Износот кој се создава заради недоволен број на ИТ едуцирани кадри ќе се намалува преку две решенија. Првото решение е ИТ едукација на сите нивоа, не само во неформалното образование, туку пред сѐ, во формалното образование. Ако сакаме да обезбедиме доволно дигитално писмени луѓе кои можат да одговорат на потребите на бизнисот, нив мора да ги обучиме, сега веќе не само на универзитетите, туку и во средните училишта. За жал, која е нашата пракса? Бројката на студенти кои се ИТ едуцирани, при што не зборуваме само за програмери, а излегуваат од универзитетите, е далеку од доволна за потребите на бизнисите. Тука е второто решение, кое лежи во промена не законската регулатива, веќе воведено во Романија и Полска, кои овој проблем го решаваат со воведување на индустриски, глобално признаен сертификат како дел од матурските испити. Сите оние средношколци, кои веќе вложиле во своето ИТ знаење и положиле испити од Мicrosoft, Adobe, Autodesk, или било кој друг бренд, се признаени не само од државата дека имаат еден положен испит, туку се прифатени и од индустријата за побрзо вработување“, истакна Тасева.

Модератор на дискусијата беше Зоја Кукиќ, партнер и член на бордот на SEE ICT Србија, а говорници беа и Александар Ридл, шеф на единицата Дигитална економија и вештини, Ник МекЛин, генерален директор на Niel McLean Associates, Валдрин Лука, министер за економски развој на Косово, Шрини Гопалан, член на Бордот на директори на Дојче Телеком и Шади Матар, советник на министерот за комуникации и транспорт на Босна и Херцеговина.

Главните заклучоци од широката дискусија беа дека дигиталните вештини се многу важна тема на која треба да се посвети големо внимание. Формалните институции и Владата треба да преземат иницијатива, особено во смисла на донесување разноликост и едукација за сите подеднакво, како и неопходност од промени во образовните модели.

А.П.

Tags: Борис ТрајковскиДигитален Самит на Западен БалканИТ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ