• Latest

Норвешка и додели два милиони евра на Македонија за пристапните преговори со ЕУ

September 14, 2018

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Норвешка и додели два милиони евра на Македонија за пристапните преговори со ЕУ

September 14, 2018 15:19
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Два милиони евра норвешка помош ќе добие Македонија од кои дел ќе бидат искористени за подготовка за пристапните преговори кои земјата треба да ги започне со ЕУ во јуни следната година.

Договорот за соработка со кој се обезбедува помошта денеска во присуство на вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка, Аудун Халворсен го потпишаа норвешкиот амбасадор во Македонија и претставник на УНОПС, Канцеларијата за услуги на проекти на ОН, преку која ќе се реализира договорот.

Вицепремиерот Османи истакна дека Норвешка е потврден и долгогодишен партнер и еден од најсилните поддржувачи на македонските евроатлантски интеграции. Грантот од околу два милиони евра е дел од регионалниот проект за социоекономски развој за проекти за единиците за локална самоуправа, дел од кои ќе оди и за СЕП за воспоставување на мрежата за преговори со ЕУ за подготвување за влегување во втората фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација.

– Оваа помош и поддршка не само што е навремена, бидејќи нема поголем приоритет за државата од преговотите за членство во моментот, туку е и на право место во СЕП. Втор добар момент е што ќе се реализира преку Канцеларијата УНОПС. Оптимисти сме дека овој проект ќе се реализира ефикансо и дека ефектите ќе бидат значителни, рече Османи заблагодарувајќи се за поддршката.

Халворсен истакна дека грантот е наменет за помош на социекономскиот развој и евроатлантските интеграции со цел да се обезбеди процесот на пристапување на земјата во ЕУ да се одвива што е можно побрзо и поефикасно.

– Клучни приоритети ќе бидат градење на капацитетите на СЕП, поддршка за главните поддржувачи и јакнење на експертизата на министерствата вклучени во овој процес. Свесни сме дека преговарачкиот процес ќе биде полн со предизвици, но доколку земјата-кандидат добро ги подготви административните капацитети ќе биде во многу подобра позиција да го води процесот на најдобар можен начин. Норвешка во два наврата почна преговри со ЕУ, и иако не сме членка на ЕУ имаме искуство од прва рака, рече норвешкиот државен секретар.

Нагласи оти ова е единствен момент за Македонија, која се наоѓа на историска пресвртница и најави дека норвешката влада ќе продолжи силно да ги поддржува евроинтеграциите на земјата и во иднина.

Државниот секретар во норвешкото МНР Халдурсен во рамки на дводневанта посета на Македонија вчера имаше средба со државниот секретар во македонското МНР Виктор Димовски. (МИА)

Tags: Норвешкаподготовкапомошпреговори со ЕУ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ