• Latest

Носење незабележан „културен багаж“

March 17, 2021

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Носење незабележан „културен багаж“

March 17, 2021 09:15
in МУЛТИКУЛТУРА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САФИТ ЗЕЌИРИ

Секој од нас, уште од детството сака да патува насекаде низ светот, да се запознае со различни култури, обичаи, јазици, традиционалната храна и многу други работи. На многумина, сонот за патување по светот во различни дестинации, има можности да им се оствари.

Колку и да се запознаваат со различни култури и да се почитуваат различностите на сето тоа што ќе се види и ќе се учи од локалните водичи, некако кога се враќаат,  дома како да се забораваат и се продолжува по старото, и со тоа што се пласира во социјалните мрежи, медиумите или во секојдневните седенки на лаф и муабет на кафенце со едни исти друштва. Како да не можеме да се “отпакуваме” и да дојдеме до збор, и да кажеме дека и тука може да се применат добрите страни одместата од патувањата.

Ако одиме во Лондон ќе видиме дека таму може да видиме луѓе од целиот све,т и за неколку дена ќе се навикнеме на динамичноста на градот. Забележителни се разни ресторани, особено од ориентални кујни и со натписите на нивниот јазик, и дека во Лондон, тоа е нормално.Низ прошетка по познатите улици ќе се забележуваат многу интересни носии од речиси секој дел од светот, и секако, за тамошните тоа е нормално.

Метафората е „културен багаж“, што се однесува на ставови или очекувања „спакувани“ во нашите домашни култури што ги носиме со нас. Овие скриени содржини можат да влијаат на меѓукултурните средби, да ја прикажеме сликата на нашата земја каде и да патуваме, со цел да се придонесе во привлечноста на туристите,  затоа што Република Северна Македонија е позната по мултикултурализмот. Поради тоа што едно заедничко за сите нас е турскиот чај кој се спрема со векови, а можеме да го најдеме во старата скопска чаршија. Во летниот период се чудиме дури и ние самите како може да седнат група странци во чајџилница и да го пијат тој чај, а ние да го оставиме на страна поради несогласувањата за ништо! Или на некој ќе му пречи јазикот на другиот, а скоро сите носиме иста облека, за разлика од другите во светските метрополи, кои се шетаат по улиците со носиите од нивните краеви од каде се дојдени.

Културната “комуникација” се однесува на комуникација помеѓу луѓе од две различни култури, која е симболичен, толкувачки контекстуален процес во кој луѓето од различни култури создаваат заеднички значења. А што се однесува на ефектите врз комуникациското однесување кога различни култури комуницираат заедно, па затоа еден начин на гледање на меѓукултурната комуникација се одвива во симболичните интеркултурни простори.

Кога зборуваме за фокусот во врска со различните елементи на „Интеркултурта“, постојат три важни елементи што го означуваат комуникативниот чин како меѓукултурен. Тие генерално се: контакт (комуникација) помеѓу различни култури (меѓу), каде културните разлики влијаат на процесот.

Прво, контактот. Не е важно дали ова е лице в лице, или преку медиум (на пример, писмо, е-пошта, онлајн игри, социјални медиуми, итн.). Но, мора да се одвива некаква интеракција. Со оглед на брзо развивачката информатичка и комуникациска технологија (ИКТ) од нашата ера, комуникацијата сега е олеснета на повеќе платформи со публика од целиот свет.

Второ, постојат културни разлики во овие контакти кои можат да се категоризираат според националноста, етничката припадност, религиозното убедување, полот, возраста / генерацијата, географскиот регион, политичката идеологија, телесната (не) способност, сексуалната ориентација итн. Тешко дека некој припаѓа на само една културна група, па затоа е природно што неколку категории може да се применат или да бидат видливи во каква било специфична интеракција.

Трето, културните разлики се оние што влијаат на комуникацијата. Кога може да се забележат дека влијаат на интеракцијата, тогаш тоа се квалификува како процес на меѓукултурна комуникација.

Сумирајќи, секоја комуникациска интеракција може да се карактеризира како интеркултурна ако може да се идентификува културолошка разлика и да се покаже како тоа влијае на комуникацискиот настан. Не постои волшебна линија што ја изолира „интеркултурата“ од другите видови комуникација. Иако во пракса, многумина ги изедначуваат културните разлики со групите поделени по националност, етничка припадност или раса, важно е да се има предвид пошироко разбирање за „културите“ што ги отелотворува секој од нас.

Ако анализираме подобро, треба да имаме визија за различноста на културите низ целиот свет и да додјеме до еден заклучок дека нема да ја смениме нашата култура со другите, но ќе земеме што е позитивно за нас, а ќе одбегнуваме што не е добро за нас и надвор од нашиот контекст или културната зона на удобност и да не бидеме збунети од знаци, погрешно разбирање на значењата и обично да доживуваме непријатност.

Затоа, се надевам дека нашите дестинации можат да помогнат да станеме посвесни за културниот контекст во кој се семестени разбирањата на различностите. Да бидеме подготвени и да научиме пливање во различни култури убедени во разбирливоста на различностите  и да одиме напред. Бидејќи денес, повеќе од кога било, културата игра витална улога во меѓународните односи, која е втемелена во човечките вредности и со која можеме да ги разбереме другите.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ