• Latest

Нов закон за владини реклами, нов обид за злоупотреба на парите на граѓаните?

July 6, 2016

Осми избори за пет години во Бугарија, иста дилема: Кој ќе победи – и кој ќе владее?

April 18, 2026

РЕАКЦИИ: „Чувствувам“ значи „наредувам“ – жестоки критики за изјавата на Мицкоски

April 17, 2026

(ВИДЕО) Кога медиумите се бојно поле: д-р Волфганг Ресман за хибридното војување и проектот Hate-Less

April 17, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите денеска?

April 17, 2026

Специјален трибунал за кривичното дело агресија на РФ

April 16, 2026

РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

April 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

April 16, 2026

Масовен руски напад врз цивилни цели во Украина: најмалку 16 цивилни жртви, над 100 повредени

April 16, 2026
Ерол Ризаов

Премиерот Мицкоски стана многу „чувствителен“

April 16, 2026

Македонската психолошка опседнатост со Албанците

April 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

    Масовен руски напад врз цивилни цели во Украина: најмалку 16 цивилни жртви, над 100 повредени

    Андриј Сибига

    Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

    Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

    Европа воздивна со олеснување и му ја честита победата на Маѓар

    Европските демократи: Орбан ги загуби изборите – Трамп и Путин губат една марионета во Европската Унија

    (ВИДЕО) Унгарија го слави крајот на Орбан

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    РЕАКЦИИ: „Чувствувам“ значи „наредувам“ – жестоки критики за изјавата на Мицкоски

    ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите денеска?

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

    Ерол Ризаов

    Премиерот Мицкоски стана многу „чувствителен“

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Кој со Орбан тикви садел…

    Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

    Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Осми избори за пет години во Бугарија, иста дилема: Кој ќе победи – и кој ќе владее?

    Специјален трибунал за кривичното дело агресија на РФ

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

    Кој со Орбан тикви садел…

    Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    Петер Маѓар (ФБ)

    Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

    Џелал Хоџиќ

    Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

    Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

    Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home Uncategorized

Нов закон за владини реклами, нов обид за злоупотреба на парите на граѓаните?

July 6, 2016 16:52
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Без никаква претходна најава и јавна расправа, без вклучување на сите потписнички на договорот од Пржино за надминување на политичката криза, но и на други засегнати страни од медиумската сфера, власта деновиве повторно брза да донесе ново парче легислатива, со кое ќе се уреди прашањето на јавното рекламирање и кампањи во медиумите. Ова дејствие следува по речиси едногодишниот мораториум на објавување на владини кампањи, што беше резултат на договорот постигнат во Пржино минатата година меѓу четирите најголеми политички партии во Македонија.

За тоа говори самиот факт дека додека Министерството за информатичко општество и администрација организираше брифинг на 4 јули за да го претстави Предлог-законот пред само дел од медиумската заедница – претставниците на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), на Македонската медиумска асоцијација (ММА) која ги претставува интересите на сопствениците на петте приватни национални телевизии, како и провладината Македонска асоцијација на новинари (МАН) – истовремено, Предлог-законот веќе беше доставен до Собранието и влезен во собраниска процедура.

Освен Министерството, владејачките партии и медиумските структури блиски до нив, се чини дека сите останати чинители – партиите од опозицијата, како и професионалните и експертските медиумски организации и медиумските стручњаци – имаат сериозни забелешки, и за начинот на кој се одвива овој процес, но и за содржината на предложеното законско решение.

СДСМ и ДПА: Едностран потег на власта

СДСМ и ДПА, две од четирите потписнички на Договорот од Пржино, тврдат дека партиите на власт ја спровеле еднострано подготовката на овој Предлог-закон, и дека тие воопшто не биле консултирани во процесот.

„Пред нецели 2 часа, ние на електронска пошта го добивме Предлог –законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институции. Имав прилика сега да го прочитам, пред да дојдам на оваа прес-конференција. Не се работи за ништо ново, значи тоа е истата приказна од пред неколку месеци, кога ВМРО-ДПМНЕ на најбрутален начин и со ваков еден сличен, ако не и идентичен закон, се обиде да ја продолжи корупцијата, односно, да ја легализира корупцијата во медиумите. Ова не е производ на никаков договор, не е производ на никакви преговори, туку е едностран чин на партијата на власт која се обидува и понатаму да ги држи во заложништво медиумите“, изјави пратеникот Томислав Тунтев од СДСМ на прес-конференција одржана во понеделникот.

И од ДПА на сличен начин го коментираат начинот на кој е подготвен овој предлог-закон.

„Ова е уште едно еднострано дејствие од партнерите од коалицијата ВМРО ДПМНЕ – ДУИ“, изјави за ЦИВИЛ Медиа Имер Алиу, координатор на пратеничката група на ДПА.

ЗНМ: Закон за легализирање на корупцијата во медиумите!

Од Здружението на новинари на Македонија информираа дека учествувале на брифингот, на кој министерката Марта Арсовска Томовска го претставила Предлог-законот, но и дека веднаш по презентацијата го напуштиле и одбиле да учествуваат во расправата, изразувајќи негодување за начинот на кој се одвива овој процес.

„Здружението одбива да учествува во материјална расправа за концептот на законот, поради лошо организираниот состанок од Министерството. Законот на веб-страницата на Собранието беше објавен непосредно пред средбата на која, пак, не беа поканети сите засегнати страни. Баравме, но не добивме објаснување зошто на средбата не се поканети колегите од Новинарскиот синдикат, Советот на етика, Македонскиот институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии и други. Министерката Томовска не успеа да не заштити од навредите на директорите на Канал 5 и Алсат-М, Иван Мирчевски и Лирим Хајредини, кои со недоличен речник се нафрлија на претставниците на ЗНМ“, се вели во соопштението на ЗНМ објавено по брифингот.

Naser-Selmani
Насер Селмани, претседател на ЗНМ

Дополнително, според ЗНМ, министерката немала одговор дали овој предлог е резултат на преговорите на политичките партии потписници на Пржинскиот договор, или е само на владините партии ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, ниту пак дали гаранторите на договорот, САД и ЕУ се запознаени и се во тек со процесот на изготвување на концептот на законот. Како што се вели во соопштението на ЗНМ, Арсовска-Томовска се обидела да ги злоупотреби извештаите на меѓународниот фактор, селективно интерпретирајќи делови со кои се согласува, занемарувајќи ги останатите делови.

„Со ваквиот закон ќе се легализира корупцијата во медиумите, факт кој беше обелоденет од бомбите на опозицијата. На тој начин, владините реклами ќе ги претворат медиумите во заложник на политичките и економските интереси на Владата и на сопствениците на медиумите. Обврска на јавните институции е да ги направат достапни сите информации поврзани со нивната работа, а не јавните пари да ги користат за дневна промоција на владините политики“, сметаат во ЗНМ.

ММА: Добро е што има обид за регулирање, но предлогот има пропусти

Од Македонската медиумска асоцијација, која ги претставува петте национални телевизии со терестријална лиценца, велат дека по ова прашање тие и пред објавувањето на Предлог-законот доставиле предлози до ЕУ, ОБСЕ и други релевантни чинители од меѓународната заедница, до премиерот Емил Димитриев и до сите партии – потписнички на договорот од Пржино, како и дека за оваа тема разговарале со претставниците на поголемите партии во земјава.

Атанас Кировски, потпретседател на ММА и директор на ТВ Телма, вели дека и тие го добиле Предлог-законот непосредно пред брифингот, на кој, сепак, ад хок или од прво читање, упатиле забелешки. Кировски смета дека е добро што има обид да се регулира една материја која досега не беше воопшто регулирана, но и дека во текстот на Предлог-законот има пропусти, за кои ММА ќе достави и писмени предлози и забелешки. Кировски исто така изрази резерви околу „плафонот“ на овој закон , чијшто предмет ќе бидат само кампањите „потешки“ од 100 илјади евра, што може да остави простор за манипулирање со јавните пари.

atanas kirovski
Атанас Кировски, потпретседател на ММА

„Едно од нашите клучни барања беше, доколку веќе се трошат јавни средства за рекламирање и кампањи во медиумите, тоа да се прави на јавен и транспарентен начин, според однапред утврдена методологија и критериуми, а не да се случува фаворизирање на одредени медиуми“, изјави Кировски за ЦИВИЛ Медиа.

Медиумските организации: Проблематичен закон во проблематично време

Повеќето од експертските медиумски организации со кои контактиравме, сметаат дека се работи за неквалитетно законско решение кое се носи во мошне деликатен политички момент, а не ги адресира најсуштинските забелешки околу нетранспарентноста  и злоупотребата на овие средства за купување на „послушноста“ на сопствеништвата и уредништвата на медиумите, посочени од Европската комисија но и од сите релевантни меѓународни и домашни медиумски организации.

Проблематично, според експертите, е и тоа што предлогот ги регулира кампањите со вредност поголема од 100 илјади евра, што остава простор за манипулирање со јавните пари за кампањи со помали суми, кои ќе бидат под законскиот „радар“. Освен тоа, како проблематично се споменува и непостоењето на критериумот „целна група“, со што рекламите одат кај најпопуларните содржини, без оглед дали нив ги гледа и целната група кон која се цели со некоја кампања. И со новото законско решение, критериумите за распределба на средствата се нејасни, а дискрециското право на маркетинг агенциите за детално распределување на рекламните буџети може да се користи за продолжување на коруптивната спрега помеѓу власта и медиумите.

biljana bejkova
Билјана Бејкова, НВО Инфоцентар

„Власта очигледно нема намера да се откаже од контролата и корупцијата на медиумите. Самото иницирање на постапката за донесување на овој закон во екот на општествено – политичката криза, без намера за сериозна јавна дебата и со исклучително спорни решенија и тоа среде лето, недвосмислено потврдува дека власта на мала врата сака да донесе законско решение со кое ќе го засили своето влијание врз медиумите. Сметам дека целата постапка треба веднаш да запре. Закони кои се однесуваат на медиумската сфера треба да бидат предмет на сериозна и темелна јавна расправа дури по одржувањето на фер и демократски избори“, смета Билјана Бејкова од НВО Инфоцентарот.

МИОА: Македонија ќе стане една од ретките земји во светот со ваков закон

Од друга страна, според соопштението на Министерството објавено по брифингот, со овој закон, кој е еден од итните реформски приоритети од „Извештајот на Прибе“, за првпат се укинува дискреционото право на јавните институции за избор на медиуми на кои ќе ги објавуваат своите кампањи, и се воведуваат строги законски критериуми кога и како може да се закупуваат медиуми за таа намена. Со тоа, според Министерството, Македонија ќе стане една од ретките земји во светот, со регулатива за распределба на обемот и средствата за јавните кампањи на јавните институции, и тоа на еден фер, објективен и транспарентен начин. Како што се посочува во соопштението, брифингот е само прв во низата кои ќе следуваат, а на кои ќе бидат повикани сите субјекти на кои се однесува законот, со цел да се пренесат и доближат предложените решенија но и да се слушнат конструктивни забелешки и предлози кои ќе го унапредат предложениот закон.

13633354_10209881225167446_1808313050_o
Марта Арсовска – Томовска, министерка за информатичко општество и администрација

„По донесувањето на законот, информативни и рекламни кампањи ќе може да се објавуваат само доколку истите се оправдани, презентирани на соодветен начин, објективни и политички неутрални. Од големо значење е и тоа што секое радио и телевизија, почнувајќи од националните па преку регионалните до локалните, врз основа на финансиските, како и од податоците за гледаност и слушаност, во иднина, уште пред самото започнување на кампањата, точно ќе знае во кој обем ќе му биде понудено истата да ја емитува. Изборот на печатени медиуми и интернет портали, кои се регистрирани или во иднина ќе се регистрираат, ќе зависи од самата комуникациска стратегија, односно целната група на кампањата“, се вели во соопштението на Министерството за информатичко општество и администрација.

Решение? Наместо за реклами на власта, пари за повеќе и поквалитетни содржини од јавен интерес!

Сепак, доколку се суди според начинот на којшто тргна процесот за донесување на овој Предлог-закон, а и аргументите за неговите недоследност, мошне е тешко да се поверува во „добрите намери“ и подготвеноста на власта и институциите навистина и долгорочно да го решат ова прашање.  Голема е веројатноста тој да создаде дополнителни главоболки и проблеми во медиумскиот амбиент во Македонија, наместо да ја зголеми транспарентноста и да придонесе кон функционално и продуктивно трошење на јавните пари за информирање на јавноста преку медиумите за прашања од јавен интерес.

Наместо јавно рекламирање и кампањи, повеќе медиумски организации во Македонија со години предлагаат истите пари што Владата ги троши за медиумска промоција, да ги намени за поддршка на медиумите, во смисла на подобрување на квалитетот на медиумската содржина, збогатување на политичкиот плурализам, поддршка за малцинските медиуми и обучување на новинарите. Сепак, засега, на сметка на милионските суми за фалби на власта, ваквата поддршка од средствата од Буџетот изостанува речиси целосно, а „празнината“ ја надополнуваат (иако далеку од потребното) средства кои доаѓаат од меѓународни институции и фондации.

Петрит Сарачини

Tags: Петрит СарачиниЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Претседателката на Република Северна Македонија, проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, вапца јајца (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

    Претседателката вапца јајца

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Неуспехот на Орбан: гледајте ја Унгарија, мислете на Бугарија

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Словенија по изборите: Политички пазари, хибридни закани и рекордна енергетска криза

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ