• Latest

Нова хајка на социјалните мрежи и во дел од медиумите против Сарачини поради изнесен личен став

February 20, 2021
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје се незаконски и немаат правни последици

August 10, 2026
Шумски пожар (фото извор: ЦУК)

Европа и светот во пламен: Климатска криза, човечка небрежност и разорни последици

August 10, 2026
Скриншот од видеото што го промовира премиерот Христијан Мицкоски, Фејсбук, 9 август 2026

Битка за минатото и слепило за иднината

August 10, 2026
фото извор: Алта банка

СКАНДАЛ: Алта банка тргна и кон Црна Гора, Владата прво рече „да“, па „не“

August 10, 2026

Косово и Украина се на иста страна

August 10, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Хипокризија

August 9, 2026

SNAFU… Сите губат, некои само побрзо

August 9, 2026

ТЕРОР: Во последните 48 часа, Одеса, Кијив и 12 области под руски напад; најмалку четворица цивили загинаа во Кијив и областа, меѓу нив и тригодишно дете

August 9, 2026

Кога протоколот ја отсликува надворешната политика

August 8, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Два залaка и чувство на сопственост

August 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

Нова хајка на социјалните мрежи и во дел од медиумите против Сарачини поради изнесен личен став

February 20, 2021 14:40
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Вчерашниот ден го одбележа смртта на ексјугословенскиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ. Многумина споделија објави на социјалните мрежи и напишаа ин мемориам текстови во медиумите.

За жал, и оваа вест беше искористена за ширење говор на омраза, напади и дискредитирање кон оние што во јавноста се познати по својот критички став и мислење.

Така и активистот и новинар, инаку и самиот кантавтор, Петрит Сарачини, се најде на метата на познатите ширачи на говор на омраза, само затоа што изнесе личен став. Неговот поглед кон Балашевиќ е заснован на неговото добро познавање на општествените и политички прилики во кои дејствувал авторот.

„Почина Балашевиќ, предадениот идол на генерацијата „педесет и неке“, растена во најубавиот период на СФРЈ, која се колнеше во братство-јединство и пееше „Рачунајте на нас“, а само неколку години потоа, или молчеше и не се спротивстави или беше носечки столб на национал-шовинизмот и војните кои донесоа крв, стотици илјади жртви и распад на Југославија.

Со првиот истрелан куршум меѓу некогаш братските народи во 90тите, умре и Балашевиќ. Тогаш беше стрелана неговата душа. Денес од овој свет замина и телото на предадениот идол на една генерација. Нека почива во мир“, пишува Сарачини на Фејсбук.

Неговата објава им беше „добар“ повод за одредени, познати Фејсбук коментатори, но и интернет портали да се појават со објави, коментари и наслови полни со навреди и говор на омразата, кои особено не им доликуваат на медиумите.

Па така, Република.мк решава да го пренесе Фејсбук статусот на Богдан Илиевски со наслов: Од изборот за нуклеарно глупи изјави, издвојуваме: Балашевиќ бил носечки столб на војни и ја распаднал Југославија!


Инаку коментарот на Илиевски (Бетмен Велит) гласи:

„Што би рекол Ѓоле: “Боже, боже…” :))

* едитирав бидејќи нејасно напишаното вајстина може да се тумачи дека Пјетро удира по сите луѓе

“родени педесет и неке” кои, според него, или молчеле или биле носечки столб на војни, а не (само) по Балашевиќ. Криво седи, право зборви, џанам“.
Фан страницата „Cyber Club Ludata Joci“, го коментира статусот на Сарачини со директен напад врз него, со оглед, дека тој е еден од ретките кој успеа да ја разоткрие мрежата на Фесјбук и Твитер наменета исклучиво за ширење говор на омраза, повикување на дела од омраза, лажни вести и дезинформации. Овој Фејсбук страница се наоѓа на тој список.

„Екс владиниот советник, а сега пишувач во портал кој верува дека е уште ,,новинар”, балистот Петpит Амон Саpачини, многу ми е познат по својата злоба, но ете – му избликнала како гејзер токму на денот кога умрел некој кој нема да го стаса ни со свои десет животи. Чија музика обединуваше, не делеше.

Веројатно, музичарот по барови кој не најде прикладни зборови да ја поздрави легендата за последен пат, испуштил да каже дека во 1998 имаше наслови во балкански медиуми – ,,Се подготвува атентат врз Балашевиќ во Сараево”. Но, и покрај тоа предупредување во медиуми – Балашевиќ го оддржа тој концерт по војната…“.

Бројни се и коментарите кои погрешно ја сфатиле пораката на Сарачини, сметајќи дека со национал-шовинизмот го опишува Балашевиќ, без да обрнат внимание дека контекстот е сосема друг и дека: „Со првиот истрелан куршум меѓу некогаш братските народи во 90тите, умре и Балашевиќ. Тогаш беше стрелана неговата душа“.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ