• Latest

Нова „војна“ за имињата на улиците во Вашингтон, во Москва и во Анкара

February 13, 2018
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026

Протести против насилството врз жените во Охрид и Скопје, обвинение за нападот во Битола – граѓаните бараат заштита и одговорност

November 21, 2026

Граѓански форум за викенд: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

November 21, 2026

Украина го одбележува Денот на достоинството и слободата – ЦИВИЛ организира настан „Украина: Силна и слободна“

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Нова „војна“ за имињата на улиците во Вашингтон, во Москва и во Анкара

February 13, 2018 11:10
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Најновото „препукување“ помеѓу Москва и Вашингтон, во стилот на Студената војна, се одвива на Твитер, со преименување на улиците, објави „Њујорк тајмс“.

Весникот посочува дека преименувањето на улиците во Вашингтон и во Москва, каде се сместени амбасадите, е чиста провокација. Но, „Њујорк тајмс“ истакнува дека „војната“ ја почнаа САД.

На 10 јануари Градскиот совет на Вашингтон одлучи да го смени името на еден блок во Висконсин авенија, каде е сместена Амбасадата на Русија. Одлучено е името на улицата, каде се наоѓа руското дипломатско претставништво, да биде Борис Немцов плаза.

Немцов беше истакнат руски опозиционер и критичар на рускиот претседател Владимир Путин. Тој е убиен пред Кремљ во февруари 2015 година.

На таквата провокација одговори Русија односно предложи да се преименува улицата во Москва каде се наоѓа Амбасадата во САД во „Северноамерикански ќор сокак број 1“ (1 North American Dead End). Предлогот е објавен на Твитер од десничарскиот пратеник Михаил Дегтјарјов, кој тврди дека Московската комисија за именување на улици ќе го разгледа неговиот предлог.

Трендот со преименување на улиците се прошири и во Турција. Градоначалникот на Анкара Мустафа Туна вчера изјави дека планира да го смени името на улицата во која се наоѓа Амбасада на САД и да се нарече според моменталната офанзива на Турција во Сирија.

Тој на Твитер напиша дека улицата Невзот Тандоган ќе биде наречена улица Маслиново гранче.

Турција минатиот месец ја почна операцијата Маслиново гранче, чија цел е борците на сириските Курди да се протераат од северозападна Сирија, а тие борци се главен сојузник на САД во борбата против Исламска држава.

[divide]

извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини

Tags: амбасадивојна
Share3TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ