• Latest

Новакоски: Избирачкиот список влијаеше на излезноста на Референдумот

October 5, 2018

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Новакоски: Избирачкиот список влијаеше на излезноста на Референдумот

October 5, 2018 12:28
in ВЕСТИ, РЕФЕРЕНДУМ
Share on FacebookShare on Twitter

Александар Новакоски, адвокат и член на Експертскиот борд на ЦИВИЛ, заедно со Сашо Орданоски и Џабир Дерала, учествуваше во панел дискусија што ЦИВИЛ ја организираше веднаш по завршување на референдумот.

„Според мене уште од самиот почеток кога се распиша референдумот се направија одредени пропусти, а тоа е дека кампањата започна од денот на самото распишување. Таа одлука на ДИК ја сметам за дискутабилна. Не беа донесени правилници за организирање на референдумската јавна пропаганда, бидејќи уште на самиот почеток се појавија дилеми дали е пропаганда или кампања. Исто така не се усогласи Изборниот законик со Законот за референдумот… но, не смееме да не забележиме дека со недонесување на тој правилник за тоа кој може да се јави како организатор на јавна пропаганда овозможи отворено да настапат во организирање на јавна пропаганда и групи кои не се никаде евидентирани, никаде не ги соопштиле изворите на средства и како се финансираат“, изјави Новакоски давајќи увид во некои од пропустите во организирањето на референдумот.

Новакоски зборувајќи за недоследностите во Избирачкиот список, се запраша коа ј методологија користеле надлежните органи за да бидат избришани оние гласачи на кои им истекла личната карта. Тој посочи дека треба да се направи анализа за која бројка на гласачи избришани по овој основ станува збор.

„Имате гласачи што не се нашле на Избирачкиот список, гласачи што биле на Избирачкиот список, но не им е дозволено да гласаат… дали се работи за исклучоци или се работи за одредена бројка која може да биде проблем во наредните изборни циклуси. Избирачкиот список се докажа дека е нереален и оваа бројка што беше запишана да биде цензус, да речеме, за одлучувачки референдум, може да се случи да претставува секогаш проблем“, изјави Новакоски.

Новакоски го постави и прашањето за улогата на дијаспората во изборните процеси.

„На локални избори не се гласа, а на референдумот се дозволи дијаспората да гласа, но и на парламентарните избори беше катастрофален одѕивот на дијаспората. Сега никој не сака да се измени законот, на пример, кој нема влез во последните 10 години во државата, да се избрише од списокот. Ако таков потег не се направи, ни повторно ќе правиме список кому како му одговара… во методологијата не може да се греши…“, истакна Новакоски.

Биљана Јордановска

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Бунјамин Камбери

 

 

Tags: Александар НовакоскиреферендумЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ